Наш пастор со ќерката во раце: „Еден ден Петра на тој некој ќе му зборува 'Tате ме чуваше вака, ме сакаше вака...'“
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
„Еден ден Петра ќе му зборува на тој некој: 'Тате мој правеше вака... Тате мој ме чуваше вака... Тате мој ме шеташе вака... Тате мој ми зборуваше вака...'“, вели пасторот Филип Иванов од Велес и посочува моќна поента за важноста на таткото во животот на ќерката.

Филип Иванов од Велес е во црковна служба уште по завршувањето на студиите во 2011-та, а официјално е пастор веќе девет години во Евангелска Црква во Велес.

Пастор значи пастир, духовен водач на народот Божји, некој што се грижи за одржувањето на редовните богослужби на црквата и за духовниот растеж и благосостојба на верниците.

Главна мисија му е да им помага на луѓето, но и да биде посветен татко и сопруг.
Ја обожава природата, постојано спортува и кампува и љубовта кон ваквиот стил на живот му ја пренесува и на својот син Натан, а веќе и на ќеркичката Петра.


Тој уште од сега својата малечка ја носи во кенгур и ја шета во природа.

Во описот на една таква фотографија на Фејсбук, тој напиша емотивна изјава.

Пастор Филип за својата малечка Петра вели:
„Еден ден Петра ќе му зборува на тој некој:
- Тате мој правеше вака...
- Тате мој ме чуваше вака...
- Тате мој ме шеташе вака...
- Тате мој ми зборуваше вака...
- Тате мој ме сакаше вака...
Нема да го жалам, едноставно - тоа ќе е стандардот за Петра“.
Moќна поента, зарем не? Важноста на татковците во животот на ќерката и поставувањето на нејзините критериуми за иден третман од страна на мажите е огромна, нели?
С. С. | Црнобело