Вирална случка од невремето во Скопје: „Непознати госпоѓи се гушнаа на автобуска станица, 3 минути стоеја така“
- Детали
- среда, 22 јули 2026
„Неверојатна сцена... Од прозорец кон автобуска гледам како летаат чаршафи и кровови додека 2 жени во отворена чекална чекаат автобус. Ветрот почна буквално да ги треска од клупа...“, ја започнува објавата Гаврило Миловановиќ од Скопје, која стана вирална.

Невремето во Скопје вчера нè потсети колку сме мали, ранливи и беспомошни пред моќта и силата на природата.
Летаа дрвја, летаа покриви, дуваше ветер со неверојатна брзина и буквално животите ни беа во опасност.

Среде невремето две госпоѓи се нашле на автобуска станица во Скопје и со прегратка си помогнале една на друга.

Гаврило Миловановиќ од Скопје ја сподели случката, која стана вирална, како позитива среде овој хаос:
„Неверојатна сцена. Од прозорец кон автобуска гледам како летаат чаршафи и кровови додека 2 жени во пластичната отворена чекална чекаат автобус.
Ветрот почна буквално да ги треска од клупа и од земја како на филм од Хичкок. Од спротива за дрво се држи еден господин кој исто не може да им пристапи.
Стануваат госпоѓите некако обидувајќи се да си помогнат меѓусебно и одеднаш се гушнаа. Така останаа цели 3 минути додека не заврши невремето.
Фасцинантно е колку основното познавање од хемија и физика помага кога знаеш за тежа и оска и температура, но уште пофасцинантно е тоа што ова беше интуиција, емпатија, потреба од човечка гушка во најтешките мигови, космос, љубов, бог.
Доказот дека човек е најубав кога е заедно....“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com