„Викендичката ја почнаа моите свекор и свекрва пред 15 години. Свекорот не успеа да го дочека нејзиното завршување, но ние ја продолжуваме убавата приказна што тој ја започна. Дворот ни е полн со маточина, диво нане, кантарион, ајдучка трева“, вели Анета Стамеска (44) од Скопје за семејната викендичка во Лупште, каде оди со сопругот Трајче Стамески (51), професор на Филолошки факултет, и ќерката Ема (12).
„Кога ќе се спомне Смилево, низ мене минува нешто што најмногу наликува на блаженство. Таму летна манџа ми е на репортоар, а сакам и кога ќе замириса на пинџур, кога ќе пресечам дебело парче домашно сирење или ќе спржам јајца со дукат жолта боја“, вели Вања Тодоровска, новинар, за местото каде се родени нејзините татко и дедо.
Дали некогаш сте виделе железничка станица која ќе ве врати е неколку века назад во времето, или ќе ве одведе во иднината? Овие 12 железнички станици, кои се наоѓаат низ целиот свет, се вистински архитектонски ремек дела - ќе посакате некоја од нив да видите барем еднаш во животот.
Во овој локал среде природа времето тече побавно, храната е домашна, а природата е најубавото друштво. Ви треба ли одмор од градскиот хаос?
„Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти детали, свежо цвеќе и внимателно одбрано мени за нашите најблиски. Она што навистина му дава уникатен печат на станот се текстурите и уметничките детали. Покрај главната дневна, имаме и втора дневна соба за релаксација каде што доминира прекрасен акцентен ѕид со текстура на природен камен“ - вели за CRNOBELO.com Латифа Мехмети.
„Eдна огромна внатрешна дворна површина, некогашна руинирана фонтана без никаква функција, ја претворивме во уникатна отворена училница. Се облековме во работнички мантили, ставивме ракавици и се фативме за работа. Со добра музика во позадина и силна мотивација, пластичните шишиња станаа украси и саксии, даските и гумите се претворија во масички и столчиња, комплетно уредивме катчиња за учење и дружење“ - вели за CRNOBELO.com Рената Поповска, педагог во ОУ „Лазо Трповски“.
Кафе на плажичка покрај Треска... Звучи совршено, зарем не? Плус на шарени lazy bags, па со чадори, палми, зеленило, дрвени украси и што уште не. Таков локал постои кај нас!
Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено викенд бегство. Ручек со ваков поглед? Едноставно бесценето!
Храната и пијалаците со ваков поглед, веднаш стануваат повкусни, плус има совршени кадри за Инстаграм фотки... Дали сте вљубеници во руфтоп барови?
Aко сте од оние луѓе кои знаат да уживаат во песната на птиците, во пејзаж со недогледно зеленило и многу цвеќе, тогаш во подножјето на планината Баба ќе го најдете вашиот рај за викенд бегство. Плус, вкусна чорба и чашка студена ракија, звучи како добар пролетен план, зарем не?
Во центарот на Скопје има мал урбан локал, обоен во црвено, кој е вистински инстаграмџиски рај.
„Моето омилено катче е жолтата гарнитура во дневната соба, а омилениот дел на мојот свршеник е фотељата во дневната соба, која тој со шега ја нарекува „the dad chair“. Таму најчесто го поминува времето гледајќи видеа и планирајќи нови идеи за неговиот YouTube канал“, вели Дариа Стефановска (28) од Скопје за домот во кој живее со свршеникот Мандар.
„На само 5 месеци Тифани имаше околу 30 пара чевлички. Организацијата ми е многу важна – чорапчињата се поделени по бои (бели и шарени), стегачите исто така, фустанчињата, очилата и сите додатоци имаат свое точно место. Собата е поделена на неколку катчиња – дел за спиење, дел за игра и дел за складирање“ - вели Ивана од Скопје за CRNOBELO.com, за детската соба на ќерката во Виена.
„Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали што создаваат чувство на релаксација и домашна топлина“, вели за CRNOBELO.com Ивана Кацаров.
„Оваа година дел од велигденските јајца ги боев со природни бои од цвекло и ги украсував со светкава фолија за поелегантен изглед, а дел од инспирацијата задржав и од минатата година со декупаж техника“, вели Верче Додевска за CRNOBELO.com.
„Инспирација за терасата ми е ‘Алиса во земјата на чудата’ и нејзината чајанка“
„Како дете секогаш со нетрпение учествував во велигденското украсување, а денес, во мојот дом, со истата радост ја продолжувам таа традиција како домаќинка“, вели професорката по филозофија Драгана Костиќ Петрушев, за CRNOBELO.com.
Грамофонски плочи, секогаш свежо цвеќе, особено лалиња, декорации пред празниците, уметнички дела, како нејзината омилена чинија со девојка и среќната лампа од италијанскиот уметник Форнасети... И нашата прекрасна дама Офелија Димковска го има своето мало царство.