„Живееме во куќа од 100m2, сместена во мирен дел од Штип и мило ми е што и денес чекорам по истите улици по кои сум растела. Срцето на нашиот дом е синот Алекс, а моја оаза во домот е кујната, каде често и учам“, вели Стефанија Алексов (24) од Штип, студентка на медицина.
Денско кафе или романтична вечера, изборот останува на вас... Локал кој се отвори на нова локација по една година пауза во работењето воодушевува со ентериерот.
Едно од најопуштените местенца во Скопје каде може да испиете кафе. Кој на нога, кој на клупа, кој на хамок, но сите релаксирани и ведри...
Ако патот ве одведе накај Прилеп и не знаете каде да испиете кафе, да каснете нешто, или да останете на вечерна забава со добра музика и коктели, тогаш изберете еден од овие 6 локали...
Од тули и маси со смола до детали во најшарени бои и кафе послужено на лист од боенка, ентериерот на ова кафуле е вистински погодок.
„Оваа година мојата велигденска декорација ја насочив кон нешто посмирено и природно. Наместо вообичаените светли и весели бои, се одлучив за земјени тонови кои внесуваат топлина, стабилност и чувство на прибраност“, вели Бети Алексовска за CRNOBELO.com.
„Овој празник ми дава можност да бидам креативна, да споделам убавина со моите најблиски и да создадам топла, семејна атмосфера, полна со боја и љубов. Мојот син годинава на Велигден, полни 2 години, па затоа денов ми е уште поубав“, вели Верче Додевска (30) од Скопје за CRNOBELO.com.
„Неколку години откако ја купивме куќата, докупивме уште малку дворно место, и тоа токму она каде што во минатото се наоѓала куќата во која живееле моите дедо, прадедо...“, вели Иџе, кој од пред 15 години има своја викендичка на Јабланица.
„Уште во првиот момент кога влегов во станот знаев дека ќе биде мојот дом, го почувствував тоа длабоко во себе. Станот има 2 спални соби, тераса на која го пијам утринското кафе, пространа дневна со трпезарија и убаво уредена кујна“ - водителката Ева Јовановска ги отвори вратите својот дом за CRNOBELO.com.
Дали и вие сте книгохоличар, плус „дежурен пребарувач“ на Инстаграм за нови локали во градот? Ако е така, оваа идеја за локал во Скопје, каде фокусот е на книгите, ќе ви се допадне...
„Дневната соба е омиленото место на целото семејство. Главниот фокус е кожeната гарнитура. Просторијата е декорирана со златни детали и внимателно избрани украсни елементи, што едновремено создаваат луксузен и пријатен амбиент“, вели Вера Грошевска (23), менаџер за продажба и маркетинг.
„Освен за ламинатот, немавме ниеден мајстор и сè направивме сами. Искрено, беше макотрпен процес, но вредеше. Конечно живееме во домот каде што сакаме да ги пораснеме нашите деца“, вели Никица Ацева Стојанов (28) за CRNOBELO.com.
Дали и вие сте „дежурен пребарувач“ на Инстаграм за нови локали во градот? Ако е така, оваа идеја за локал во Скопје ќе ви се допадне...
„Во дневната соба фокусот е на декоративниот панел, а терасата секоја година ни е празнично накитена. Во процесот се вклучени и моите родители и трае 5 дена“, вели Мартин Стојанов (29).
„Секоја година ја дополнувам и по малку менувам колекцијата на украси со кои го декорирам мојот дом. Сè што сум купила или добила на подарок, ми буди убави емоции, а го поврзувам со различните фази од растењето на мојот син“, вели актерката Маја Андоновска Илијевски за CRNOBELO.com.
Вистински празничен рај, каде повторно ќе се чувствувате како дете. Совршено за фотки, зарем не?
Една од омилените атракции на туристите во Будимпешта е локалот New York Café каде можете да седнете на шолја кафе, но и на ручек или вечера.
„Животниот пат со сопругот нè донесе во Германија. Живееме во помал град, на границата со Швајцарија и Австрија, кој излегува и на најголемото природно езеро во државата. Кон крајот на летото 2024-та се преселивме во нов стан“, ја започнува приказната за уредувањето на домот Симона од Самоков (Македонски Брод) за CRNOBELO.com.