На гости кај Стефанија во Штип: Совршено уредена семејна куќа од 100m2 со модерна и впечатлива кујна (фото)
- Детали
- сабота, 31 мај 2025
„Живееме во куќа од 100m2, сместена во мирен дел од Штип и мило ми е што и денес чекорам по истите улици по кои сум растела. Срцето на нашиот дом е синот Алекс, а моја оаза во домот е кујната, каде често и учам“, вели Стефанија Алексов (24) од Штип, студентка на медицина.
Стефанија Алексов (24) од Штип е студент на петта година по општа медицина, професија што отсекогаш ѝ била животна цел и предизвик, бидејќи верува дека грижата за здравјето е највисоката форма на хуманост.
Покрај студиите, Стефанија работи и како neurofeedback терапевт - работа што ѝ овозможува да ги разбере човечките емоции на едно подлабоко, посуптилно ниво.
Вели дека токму таа свесност за внатрешниот мир и психичката рамнотежа на човекот, на некој начин ја пренела и во уредувањето на домот во Штип, каде живее со сопругот и синот.
За уредувањето на нејзиниот дом Стефанија открива за CRNOBELO.com:
„Живееме во куќа од 100m2, сместена во мирен дел од Штип.
Мило ми е што живеам тука, затоа што Штип е топол, сончев град со душа и традиција, каде што и денес чекорам по истите улици по кои сум растела.
Во неа живееме јас, мојот сопруг, мојата најголема поддршка и пријател, и нашето синче Алекс, кое е срцето на нашиот дом.
Веднаш по нашата венчавка знаевме дека не сакаме само да живееме во простор, туку да создаваме дом – наш, со наш идентитет.
Сакавме да биде рефлексија на сè што сме ние како луѓе: топли, естетски ориентирани, приземни, но и со отвореност кон модерното и функционалното.
Во боите на ентериерот го пронајдовме нашиот визуелен јазик - антрацитната сива, која симболизира сила, стабилност и елеганција, и текстурата на природното дрво, која внесува топлина, живот и органска длабочина.
Не сакавме ништо пренатрупано, ништо што би изгледало како копија. Сè требаше да биде наше - уникатно, промислено и лично.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





