На гости кај Стефанија во Штип: Совршено уредена семејна куќа од 100m2 со модерна и впечатлива кујна (фото)
Најомиленото мое катче без двоумење е кујната. Тоа е моето место за пауза, за творење, за мир.
Таму готвам, читам, понекогаш и учам... Со дрвени површини, неутрална палета и природна светлина што милува сè што допре, таа е оаза на домот.
Домот, според мене, не е совршен кога е скап или модерно опремен, туку кога во него се чувствува љубов.
Игрите на Алекс во дневната, мирисот на свежо испечени колачи и семејните вечери полни со смеа – тоа се работите што му даваат душа на секој ќош.
Ниту еден мебел, ниту една ламба или перниче не може да ја замени топлината на семејството кое живее таму.
За крај, ако нешто научив од целиот овој процес, тоа е дека уредувањето на домот не е само визуелна задача – тоа е, длабок процес на градење идентитет и спомени.
Домот не е местото каде што само се спие. Тој е местото каде што се живее“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





