На гости кај Стефанија во Штип: Совршено уредена семејна куќа од 100m2 со модерна и впечатлива кујна (фото)
Најголема благодарност должиме на нашите архитекти, Едита Додевска и Деспина Богдановска - две девојки со беспрекорен вкус, професионалност и разбирање за тоа што значи „дом“.
Тие не само што ги сфатија нашите идеи, туку ги претворија во реалност која ја надмина секоја наша замисла.
Заедно со целиот тим мајстори, вложија дел од себе во секој агол, секој ѕид, секој детаљ.
Денес, нашиот дом не е само функционален, туку тој раскажува приказна, раскажува љубов.
Особено сум горда на фактот што некои делови од домот ги осмисливме и реализиравме сами.
Собата на нашиот син Алекс, неговото мало царство исполнето со светлина, играчки и боја, ја уредувавме со толку љубов, што и денес, кога ќе влезам таму, чувствувам смиреност.
Гардероберот, пак, го трансформиравме од обична просторија во организиран, стилски и функционален простор каде сè има свое место.
Процесот не беше лесен, но беше исполнувачки и зближувачки.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





