„Во просек читам 3 книги месечно, најмалку. Понекогаш и една дневно, тоа често ми се случува. А колку пари издвојувам за книги, никогаш не пресметувам. За мене, книгите не се трошок, туку инвестиција во знаење, инспирација и личен раст“, вели Викторија Стојовска, која освен што обожава да чита, и самата има издадено неколку книги.
„Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќеркички веќе е над 100 книги. Тие, исто така, уживаат во откривањето нови магични светови, па сметам дека нема ништо поубаво од тоа кога ќе се пренесе љубовта кон читањето и книгите на твоите деца.
„Вртењето страници, чувството да одолееш да не видиш што ќе се случи со некој лик неколку страници понапред откако ќе дојдеш до некој интересен дел, или пак чувството кога ќе се изнаплачеш на книга, а на крај таа завршува среќно, па ја гушкаш книгата - чувства што само љубител на книги ги разбира“, вели за CRNOBELO.com, Виолета од Штип и ни ги препорача своите 5 омилени книги.
„Скоро и да не правам пауза со читањето, читам во континуитет. Во последно време со своите дела ме воодушевува Ина Мур“, вели Билјана Петровска (49), директор на Јавната локална библиотека во Делчево, и за читателите на CRNOBELO.com препорача три книги.
„Речиси секој ден го започнувам на ист начин - со шолја кафе и барем половина час читање“, вели Елена Ѓорѓеска за CRNOBELO.com и додава дека обожава да лита книжевни серијали. Кои ѝ се омилени?
„Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека никогаш нема да успеам да ги прочитам сите книги што сакам, ама знам дека во секој следен живот ќе им се навраќам“, вели Андриана, која им,а и свој Инстаграм профил посветен на книгите и читањето.
На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Издавач е римската куќа „Cue press“, во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери... Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша легендарниот директор на Венецискиот филмски фестивал Алберто Барбера.
„Прва книга која ја прочитав, а не е лектира, е „Централ парк“ од Гијом Мисо, на мои 12 години. Оттогаш се „навлеков“ на книгите и првенствено трилерите како жанр“, вели Катерина Милевска и за читателите на CRNOBELO.com препорача три книги.
Пред бројни гости, пријатели, соработници, претставници на бизнис-заедницата и јавноста, синоќа во Three Garden & Bar беше промовирана книгата „Ништо случајно“ на Нина Ангеловска Станков.
Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво напишани. Ги паметат затоа што се пронашле во нив.
„На почетокот не купував книги, бев редовен посетител на градската библиотека и секогаш носев дома нови приказни. Но, пресвртот дојде во средно училиште, кога на натпревар по македонски јазик ја добив книгата „Загубената ќерка“ од Дајен Чемберлен', вели Дијана Јовановска, за CRNOBELO.com.
„Ги имам прочитано моите романи и по издавањето. Многу е интересно чувството кога ќе ја земеш книгата по одредено време, па како да се враќаш на една верзија од себе што постоела во моментот кога си ја пишувал. Најубаво ми е кога читателите ќе ми кажат дека им се допаднале моите книги, дека се пронашле во некоја емоција“, вели писателката Сандра Малетски и ги препорача своите омилени 5 книги за CRNOBELO.com.
Скопје, 18 мај 2026 - Нина Ангеловска Станков ја објавува својата прва книга „Ништо случајно" со поднаслов „кога подготвеноста ги среќава предизвиците", издадена од Издавачки центар ТРИ.
„Пасија ми се и книгите и филмовите. А со трендот во последно време, речиси секоја книга да има адаптација во филм и ТВ-серија, почнав да правам споредби. И само ми се потврди она што веќе го чувствував, а тоа е дека филмот или серијата никогаш не можат да ја надминат убавината на книгата“, вели Александра Крстевска за CRNOBELO.com.
„Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога влегов во книжарница - имав околу 10 години и бев толку воодушевена што не знаев каде попрво да истражувам“, вели Теодора Стојковска за CRNOBELO.com и за нашите читатели препорача 5 книги.
„Авторот многу добро ја демонстрира линијата што ја разделува „нормалноста“ од „патологијата“. Ликовите, всушност, врескаат за сопствената слобода исмејувајќи ги фобиите, опсесиите и сексуалните импулси на другите. Само во кабарето е дозволено да се биде искрен, несовршен, ранлив човек“ - стои во рецензијата за третата книга на Васил Божикалиев од Велес, „Кабарé Иммортале“.
Тројца различни автори и три психолошки книги - сите поинакви, но сепак исти по тоа што ќе ве натераат да погледнете кон себе и да размислувате за некои битни прашања.
Кои книги вреди да си ги набавите од годинешниот Саем на книга? Иако изборот е огромен, ова се 5 изданија, кои, се надеваме ќе ви го привлечат вниманието.