Нова книга на режисерот Милчо Манчевски промовирана во Италија

На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Издавач е римската куќа „Cue press“, во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери... Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша легендарниот директор на Венецискиот филмски фестивал Алберто Барбера.

nova-kniga-na-rezhiserot-milcho-manchevski-promovirana-vo-italija-01.jpg

„Manchevski: Fiction and Non-Fiction“ содржи поезија и проза од Манчевски, негови теоретски размислувања за природата на уметничкиот процес, серија длабински италијански интервјуа со него и сѐопфатна уметничка биографија и анализа на опусот. Покрај тоа што претставува своевиден водич низ досегашното филмско и уметничко творештво на реномираниот македонски режисер, овој кардинален опус ги истражува и границите меѓу фикцијата и документарниот израз, еден од централните дискурси во творештвото и истражувањето на Манчевски.

nova-kniga-na-rezhiserot-milcho-manchevski-promovirana-vo-italija-02.jpg

На промоцијата се обрати и самиот автор, кој одговараше на прашања од публиката, од гости на Меѓународниот филмски фестивал во Павија, од филмски работници и од деканот на колеџот.

Приредувачот Лудовико Кантисани вели:

„Книгата нуди длабинско истражување на креативното и интелектуалното патување на еден од најголемите европски филмски автори. Манчевски припаѓа на онаа мала група режисери, кои покрај тоа што ги пишуваат сопствените филмови, умеат да формулираат оригинална и убедлива теорија за филмот, ставајќи го во центарот на своето истражување амбивалентниот однос меѓу вистината и фикцијата. Интервјуата и биографските материјали реконструираат извонредна кариера обележана со предизвици и иновации, откривајќи како Манчевски доследно ги преточувал своите теоретски принципи во филмска практика. Книгата, исто така, нуди увид во експерименталните, а понекогаш и лирски темели на неговото раскажување приказни. Со тоа, таа го проширува опсегот на ова издание надвор од самиот филм, претворајќи го во поширока рефлексија за наратологијата и за јазичните предизвици на уметничкото изразување.”

nova-kniga-na-rezhiserot-milcho-manchevski-promovirana-vo-italija-03.jpg

Претставувањето на книгата се случи во Гранде Аулата на Колеџот Каироли при Универзитетот во Павија кој постои уште од 1781, познат како „Универзитетски колеџ на заслуги“, центар на академскиот и културниот живот во градот. Аулата се покажа како идеална сцена за претставување на ова капитално дело.

Книгата на Манчевски ќе биде промовирана и во Рим и Пезаро. 

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
5 одлични дела без кои не треба да си заминете од Саемот на книга 2026 Кои книги вреди да си ги набавите од годинешниот Саем на книга? Иако изборот е о...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...

Најчитани неделава