Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“

„Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќеркички веќе е над 100 книги. Тие, исто така, уживаат во откривањето нови магични светови, па сметам дека нема ништо поубаво од тоа кога ќе се пренесе љубовта кон читањето и книгите на твоите деца“, вели Маријана Илиоска Пајдакова за CRNOBELO.com.

marijana-na-10-godini-so-zashtedeni-150-denari-si-ja-kupiv-prvata-kniga-01.jpg

Маријана Илиоска Пајдакова е сопственик на букстаграм профилот @booklovers.mk, место каде што постојано споделува свои впечатоци за прочитаните книги, разменува мислења со другите љубители на книги...

Од неодамна е членка и на книжевен клуб, па на средбите со останатите членови на клубот, разговараат за истата книгата што ја читаат сите.

Својата љубов кон пишаниот збор ја пренела и на ќерките, кои и самите имаат своја библиотека со околу 100 книги, додека во домашната библиотека на Маријана има над 700 книги.

marijana-na-10-godini-so-zashtedeni-150-denari-si-ja-kupiv-prvata-kniga-11.jpg

За својата љубов кон читањето, но и за нејзините книжевни препораки, таа раскажа за CRNOBELO.com:

„Мојата љубов кон читањето започна буквално од ‘мали нозе’. Сè уште се сеќавам дека кога имав 10 години, со мои заштедени 150 денари си ја купив мојата прва книга од локалната трафика, и тоа „Хрониките на Нарнија - Лавот, вештерката и орманот“.

marijana-na-10-godini-so-zashtedeni-150-denari-si-ja-kupiv-prvata-kniga-14.jpg

Тоа чувство дека ќе навлезам во уште еден нов свет беше неописливо и возбудливо.

До седмо одделение веќе ги имав прочитано сите книги во училишната библиотека и потоа се префрлив во градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

marijana-na-10-godini-so-zashtedeni-150-denari-si-ja-kupiv-prvata-kniga-13.jpg

Со купување книги почнав по завршување на средното образование и денес бројот на книги во мојата домашна библиотека изнесува околу 700, а библиотеката на моите две мали ќеркички веќе е над 100 книги.

Тие исто така уживаат во откривање на нивни нови магични светови, па сметам дека нема ништо поубаво кога ќе се пренесе љубовта кон читањето и книгите на твоите деца.

marijana-na-10-godini-so-zashtedeni-150-denari-si-ja-kupiv-prvata-kniga-04.jpg

Книжевниот свет не само што ми донесе безброј книги, туку и многу искрени книжевни пријателства каде што секојдневно се разменуваат мислења, ставови и споделени емоции за книгите што ги читаме.

Од неодамна се основа и првиот читателски клуб од страна на Арс Ламина, Offline book club, каде што еднаш во месецот има дружба и се дискутира за книгата која била одбрана да се чита тој месец. Ова е едно поинакво доживување во читателскиот свет“, вели Маријана. 

marijana-na-10-godini-so-zashtedeni-150-denari-si-ja-kupiv-prvata-kniga-03.jpg

Кои книги се нејзина препорака, прочитајте на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава