Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025

Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави ситуации на медениот месец; приказна за жена која се враќа во родното место и се соочува со себе и своите „демони“ - македонските автори стануваат вистински мајстори на трилерот, а овие книги мора да ги прочитате.

knigi-od-makedonski-avtori-koi-mora-da-gi-prochitate-do-krajot-na-2025-01.jpg

Во време кога деновите стануваат постудени и пократки, нема ништо поубаво од топол дом и убава книга.

Овој пат ви препорачуваме три книги од македонски автори кои ќе сакате да ги прочитате што побрзо, зашто приказните се одлични, а ликовите комплексни, но ќе ги засакате веднаш.

Кои три книги од домашни автори можете да ги прочитате во следниов период?

„Сиракот од Бергамо“, Петар Стојановски

Десетина години откако е затворен најголемиот полициски случај во историјата на Италија, злото повторно чука на врата.

Две години Калин е сокриен под таен идентитет во Лугано со своето семејство. Тој е 40-годишен оперативец во тајната полиција на Италија, кој повторно е активиран откако е пронајдено безживотното тело на неговиот поранешен шеф во пензија, Флорини.

Покрај телото на обесениот маж е оставена порака, а името на Калин се наоѓа на неа.

Тој сега мора да балансира помеѓу семејството и темните опасности кои демнат од минатото, особено што желбата за одмазда на убиецот е посилна од сè.

Калин, заедно со агентот Џенаро, почнува комплексна истрага и пробува да го открие серискиот убиец кој брутално убива невини жртви во Бергамо.

Тој не само што остава иста порака по секое грозоморно дело туку изгледа како секогаш да е еден чекор пред нив.

knigi-od-makedonski-avtori-koi-mora-da-gi-prochitate-do-krajot-na-2025-04_copy_copy.jpg

„Одмаздата на богомилката“, Оља Петрушевска - Томева

Сара е силна, но длабоко повредена жена, чие детство е обележано со загуба, насилство и молк.

Нејзината глад за правда и одмазда ја турка низ светот, од темните тајни на родниот град до блескавите фасади на меѓународниот бизнис.

Кога се враќа дома, минатото ја пречекува со отворени раце - старата болка, заборавените пријателства, нераскажани вистини.

Повторната средба на Сара со самата себе, средбата со сестра ѝ Ева, нерешените убиства, мистериозниот инспектор и незаменливиот пријател Филип, единствениот маж нејзиниот живот се дел од мозаикот што полека се составува.

Или можеби само така ѝ изгледа.

Овој психолошки роман со елементи на трилер и длабоки емотивни слоеви ќе ве натера да се прашате колку навистина познавате некого - па дури и самите себе.

knigi-od-makedonski-avtori-koi-mora-da-gi-prochitate-do-krajot-na-2025-03.jpg

„Пеколен меден месец“, Благоја Стојков

Бен, млад, луд маж, со апетит за авантура, сосема случајно и неочекувано ја запознава Кејти - нежна, емотивна девојка, склона кон романтизирање на животот.

Љубовта го наоѓа својот пат и ги спојува, а Бен и Кејти се заљубуваат вистински, исконски, неприкосновено. И набрзо стапуваат во брак.

Решаваат да одат на меден месец во Монтана.

Монтана е прекрасна. Воодушевувачки пејзажи, божествена природа, фини луѓе. Уникатни флора и фауна. Рај за очи, спокој за душа.

Но, се појавува чувство на несигурност. Нешто необјасниво. Нешто што и Бен и Кејти го чувствуваат, а не можат да си го објаснат.

Мистериозна шума. Приказни за лудак кој избегал од лудница. Злокобен ресорт, фарма, имот…? Нешто непознато и одделено од тамошната цивилизација.

Бен и Кејти во Монтана се среќаваат со најстрашното нешто на кое некогаш се осудило човештвото.

knigi-od-makedonski-avtori-koi-mora-da-gi-prochitate-do-krajot-na-2025-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги од македонски автори, кои како да се светски бестселери - ќе сакате да ги прочитате веднаш Ако сакате да прочитате нешто убаво, возбудливо и во стилот на светските бестсел...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 книги со кои ќе се ослободите од негативните мисли Како да станете имуни на негативни мисли и чувства? Како да доживеете безусловна...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg