Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате)
За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме предлог од три интересни книги кои мора да ги прочитате...

Љубов која се претвора во зависност, еротска игра која прераснува во многу повеќе од обичен порив за секс...
Ако сакате да прочитате книга што ќе ви ја зоврие крвта, тогаш изберете ја „Панк 57“ или двете книги од Гејл Мекхју кои се продолжение една на друга.
Ова се нашите овонеделни предлози:
„Судир“, Гејл Мекхју
Тој е секси плејбој кој го одзема здивот, нејзиниот најлош кошмар и највлажен сон.
По смртта на нејзината мајка, Емили се сели во Њујорк да започне нов живот и таму го запознава Дилан.
Тој, иако крие тајни, е сладок, внимателен и сè она што Емили посакува од еден маж.
Сè додека на една неочекувана средба не го запознае Гевин – богат и озлогласен плејбој кој е ѓаволски секси и шармантен.
Таа никогаш не познавала маж како него кој го одзема здивот на секој можен начин.
Иако Емили се труди да биде присебна, не може да ги контролира емоциите.
Но и Гевин не останува имун. Тој прави сè за да ја освои.
Таа неочекувана средба ја принудува Емили да ги доведе во прашање нејзините одлуки и да направи избор што ќе уништи пријателства и срца кои засекогаш ќе ѝ го промени животот.

„Пулс“, Гејл Мекхју
Оваа книга е продолжение на „Судир“, приказната за Емили и Гевин.
Откако Емили го губи Гевин - љубовта на својот живот, секој нејзин здив ѝ причинува болка.
Таа не може да живее без него и решена е по секоја цена да го врати.
Но, дали Гевин ќе сака да ѝ се врати?
Може ли нивните две срца повторно да се судрат и да ја разгорат љубовта што не познаваше граници, или пак ќе се отворат лузните од нивното минато и ќе ги уништат?
Само времето ќе покаже дали љубовта ќе им го распарча срцето.

„Панк 57“, Пенелопи Даглас
Рајан и Миша ја раскажуваат истата приказна преку својата перспектива.
Таа вели:
„Тој е вообразен со его поголемо и од неговите мускули.
Бевме совршени сè додека не се запознавме.
Тој ми нема напишано ништо три месеци. Без него ќе полудам.
Колку е лошо чувството кога си на место полно со луѓе, а се чувствуваш сам.
Одамна научив дека не треба да откриваш сè што е во тебе на луѓето околу тебе. Тие сакаат да судат.
Но, секогаш некои работи остануваат скриени, длабоко во срцето“.
Тој размислува:
„Не можам, а да не се насмеам на нејзините зборовите. Нејзе ѝ недостигам.
Сум имал дузина девојки, но никоја не успеа да го пробие мојот штит како Рајан.
Таа е моја муза - единствена која не ме разочарува и ме прифаќа.
Колку повеќе ме нервира, толку повеќе ме возбудува.
Нема да ја натерам да биде со мене, но нема ни да ја пуштам да си оди“.

А. Ј. | Црнобело
