Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика

Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни светови... ако сакате научна фантастика, ова се книгите за вас.

tri-zadolzhitelni-knigi-za-sekoj-ljubiteli-na-nauchnata-fantastika-01.jpg

Научната фантастика, измислените светови, легенди, чудовишта, вонземни сили и слично не е за сечиј вкус.

Но, ако сте од оние кои го обожаваат овој жанр, тогаш мора да ги прочитате овие три книги...

„Последната од девојките Месечини“, Барбара Дејвис

Лизи Месечина никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини.

Пред осум години, таа ја напуштила земјата за која се грижеле девет генерации надарени исцелителки, решена да се дистанцира од гласините за чудното наследство на нејзината фамилија.

Но, кога ќе почине нејзината сакана баба Алтеа, Лизи мора да се врати и да се соочи со трагедијата што виси над исушените полиња со лаванда: нерешените убиства на две млади девојчиња и грубите обвинувања што ја следеле Алтеа до нејзиниот гроб.

Лизи не сака ништо друго освен да ја продаде фармата и да се врати на својот живот во Њујорк, сè додека не го открие дневникот што Алтеа го оставила за неа - книгата на спомени што треба да ѝ помогне на Лизи да ги прифати своите специјални дарби.

Кога повторно ќе се поврзе со Ендру Грејсон, еден од ретките во градот кој верува во невиноста на Алтеа, таа решава да го обели името на нејзината баба.

tri-zadolzhitelni-knigi-za-sekoj-ljubiteli-na-nauchnata-fantastika-02.jpg

„Принцезата Бари“, Хван Сок-Јон

„Принцезата Бари“ е современа приказна за младата севернокорејска бегалка, присилена да ја напушти својата земја, следејќи ја својата баба-шаман на југ, додека другите роднини го осудуваат таквиот чин.

Патувањето се претвора во кошмар што ја води до мултикултурната средина на нижите општествени слоеви во Лондон.

На 18-годишна возраст се чувствува дека ги надминува егзистенцијалните проблеми, но се уште ѝ претстои долг духовен и психички пат пред конечно да го заврши своето патување, длабоко разбирајќи ја паралелата меѓу нејзиниот живот и оној на нејзината имењачка, легендарната принцеза Бари од позната корејска шаманска легенда, која е напуштена од своето раѓање и која мора да помине долг пат до работ на светот за повторно да го врати „изворот“ на животот.

tri-zadolzhitelni-knigi-za-sekoj-ljubiteli-na-nauchnata-fantastika-03_copy.jpg

„Лет: Повикување на процепот“, Џеј Волeр

За оваа епска фантазија, критичарите велат дека е добра „како Филип Пулман да го пишувал Аватар“.

Воздушниот дух Суриел, за кој долго време се мислело дека бил заспан, воскреснува војна.

За Катеико, заштитата на другите племиња во нејзината конфедерација е искупување.

За Тиернан, војната е враќање на воениот живот кој очајно сака да го заборави.

Што ќе донесе крајот?

tri-zadolzhitelni-knigi-za-sekoj-ljubiteli-na-nauchnata-fantastika-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
Каролина - книга на англиски јазик, Лила - лесен роман: Што читаат познатите Македонци во лето 2025?... Што читаат Каролина Гочева или Ивона Јо ова лето? Погледнете кои книги ги сподел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg