3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате

Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и е принудена да носи хиџаб; Забранета љубов во арапскиот свет... овие три книги имаат интригантни приказни.

3-knigi-za-silni-zheni-vo-muslimanskiot-svet-intrigantni-prikazni-shto-mora-da-gi-prochitate-01.jpg

Ако сте љубител на книгите, а сакате да „влезете“ во муслиманскиот свет, да ги дознаете нивните закони, строги правила, предизвиците со кои секојдневно се соочуваат девојчињата и жените, но и што носи забранетата љубов, овие три книги се вистинскиот предлог за вас.

Малку реалност, малку фикција и фантазија, но книги што ќе ви го држат вниманието од првата до последната страница.

„Лавиците од Техеран“, Марјан Камали

Иран, земја каде што законот наложува деветгодишни девојчиња да можат да стапат во брак, каде што по улици шета полиција за морал и казнува жени за несоодветно носење на хиџаб со тепање и затвор…

Две жени лавици се борат за женските права.

Иако Ели живее раскошен живот со својата мајка, таа копнее да има најверна другарка на која ќе може да ѝ се исповеда.

Кога најмалку очекува, таа ја запознава Хома - љубезна девојка со храбар и непоколеблив дух, која мечтае да стане судијка.

Заедно тие талкаат во Големата чаршија и се насладуваат на шарените вкусови, споделувајќи ги своите амбиции да станат жени лавици.

Но, како што политичките превирања во Иран доаѓаат до неочекуван пресврт, едно неочекувано предавство ќе предизвика големи последици.

Хипнотизирачка приказна за љубовта и храброста и за тоа колку нè обликуваат оние кои ги среќаваме кога сме млади.

3-knigi-za-silni-zheni-vo-muslimanskiot-svet-intrigantni-prikazni-shto-mora-da-gi-prochitate-02.jpg

„Горчлив превез“, Либи Фишер Хелмнан

Ана е Американка која се заљубува во богато и надежно момче, Нури, со потекло од Иран.

За кратко време, Нури ѝ нуди брак на Ана и ја води во Иран.

Иако на почеток таа е исплашена на што сè може да наиде, подоцна е фасцинирана од богатото семејството на Нури и убавините на Иран: егзотични мириси и зачинета храна со неодоливи вкусови во високите кругови…

Но, по соборувањето на Шахот и подемот на Исламската република сè се менува.

Животот на Ана станува сè поограничен и таа е принудена да носи превез.

Тогаш таа сфаќа дека ништо не е како што изгледа и дека никому не може да верува… дури ни на својот сопруг.

3-knigi-za-silni-zheni-vo-muslimanskiot-svet-intrigantni-prikazni-shto-mora-da-gi-prochitate-03_copy.jpg

„Очите на Амира“, Лиа Сајони

Амира е Арапка која живее во Чиле. Таа може да има сè, освен оној кој го сака, бидејќи ѝ е забранет.

Нејзиниот татко принудно ја мажи за маж кој е постар од неа триесет години, некој кој е уште побогат од Амира.

Нејзиниот сопруг ја внесува Амира во највлијателните кругови во општеството и, без да е свесен, ја запознава со човек кој може да има сè што ќе посака, само љубов не.

Тој човек е мажот по кој копнее Амира целиот свој живот, оној кој никогаш не се ожени само заради неа…

И двајцата имаат нешто заедничко, можат да владеат со разумот, но не и со срцето…

Топла приказна за љубов на која ни традицијата не ѝ може ништо, а камоли пак времето.

3-knigi-za-silni-zheni-vo-muslimanskiot-svet-intrigantni-prikazni-shto-mora-da-gi-prochitate-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Стефанија од Штип, студентка по медицина: „Кога не учам, читам трилери - кои се моите топ 3 омилени ... „Мојата безвременска книжевна љубов е и ќе остане Крис Картер – автор ...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg