3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници
Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана додека лежи несвесна за себе? Дали е ова доволна провокација да ве натера да го прочитате романот на Мекгарви Блек?

Понекогаш сите сакаме да прочитаме добра книга, но немаме идеја што да земеме в рака или кој автор да го одбереме.
Затоа, овој пат ви нудиме три книги кои не се воопшто стилски слични, но сепак ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници.
„Оцрнета“, Џ. К. Меми
Камал седи сама во темната и студена ноќ, запрепастена од неодамнешните настани што ѝ се случија.
Не може да се врати дома, бидејќи веќе не е добредојдена таму.
Иако мислеше дека конечно ја најде љубовта и среќата, таа врата ѝ се затвори. Па, каде да оди?
Додека седи вкочанета на поројниот дожд, ѝ приоѓа љубопитна и загрижена жена - Мишел. Во таа застрашувачка ноќ, Мишел ѝ помага на Камал.
Ако неодамнешните настани ѝ го свртеа животот наопаку, она што допрва следи е како разорен земјотрес во нејзиниот живот.
Болката во срцето која ја преживеа од неа направи нова личност. Од наивна, ранлива и скршена жена, таа станува самоуверена и успешна.
Но, години подоцна, дух од нејзиното минато ја враќа на вистината што таа одбра да ја игнорира, вистина што треба да ја однесе во Индија за конечно да се соочи со нејзиното минато.

„Без нејзина согласност“, Мекгарви Блек
Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или силувана?
На одделот каде што се сместени пациенти со трауматски повреди на мозокот и се во длабока кома, се случува нешто невообичаено: 22-годишната пациентка Елајза која е 12 години во кома, добива породилни болки.
Апаратите на кои е вклучена пиштат и ја сечат тишината како со жилети. Медицинскиот персонал е во шок - пациентката која со години е во кома се породува.
Самото доаѓање на дете на свет води до сериозна истрага - медицинска и полициска.
Полицијата се сомнева дека станува збор за силување. Тие бараат да им се достави список од сите мажи коишто некогаш влегле во клиниката изминатата година.
Од друга страна пак, едно медицинско лице доаѓа до чудно откритие. Подоцна, тоа лице е пронајдено предозирано на мистериозен начин.
Случајот добива пресвртница и ги поттикнува детективите да гледаат од друга перспектива.
Дали некој кој бил вмешан во случајот 'Феномен' - се врати за да ги прикрие трагите?

„Убавина до болка“, Џорџија Кејтс
Џек е неодолив мултимилионер кој го крие својот идентитет од секоја жена која ја легнува.
Тој прави договор со неговите љубовни придружнички, исто како и со неговите деловни соработници: без емоции само обостран интерес...
Кога Лорлин оди во Австралија на три месеци со нејзината најдобра пријателка, последно нешто што очекува е врска.
Но, таму таа го запознава убавиот Џек, кој не ѝ го открива својот идентитет.
Тој ја сака оваа жена... само во неговиот кревет и однапред ги поставува своите услови: Нема долги врски. Нема вистински имиња. Тоа е негова игра и негови правила.
Тој е задоволен да игра како и обично, но кога Лорлин влегува во неговиот живот, неговата стратегија се менува, бидејќи таа не е како другите.
Неговиот свет се менува откако ќе започне тримесечна афера со оваа убава и мудра девојка. Т
ој сè повеќе ги крши сопствените правила за неа.
Таа станува исклучително блиску да стане нешто, што Џек никогаш не мислел дека е можно - некој кој ќе ги промени неговите правила на игра.

А. Ј. | Црнобело
