Пресметајте си го дневниот биоритам

Ако отсекогаш ве интересирало зошто некои денови сте среќни без никаква причина, а некои денови ништо не ви оди од рака, тоа најлесно ќе го откриете преку дневниот биоритам. Со нашиот калкулатор, пресметајте го вашиот биоритам.

dneven-bioritam-02.jpg

Теоријата за биоритамот на човекот тргнува од тоа дека секој поединец има различни емоционални, физички и интелектуални способности, па како последица на нив секојдневно минува низ поволни, неповолни и критични моменти.

Внесете го вашиот датум на раѓање за да си го пресметате дневниот биоритам:

Датум на раѓање:
 
Час на раѓање:
 
Изберете период:

 

Физички Емоционално Интелектуално Вкупно Астрален пекол
8/23
8/30
Денес
9/13
9/20

 

Биоритамот се дели на 3 посебни циклуси:

1. Интелектуален биоритам - Ја означува креативноста и концентрацијата.

Еден циклус трае 33 дена, од кои критични се 1 и 17. Поволен е периодот од 2 до 16 ден, а неповолен од 19 до 33 ден.

2. Емоционален биоритам - Ги означува сите чувства и општото расположение.

Еден циклус трае 28 дена, од кои критични се 1 и 15 ден. Поволен е периодот од 2 до 14 ден, а неповолен од 16 до 28 ден.

3. Физички биоритам - Ги претставува сите физички карактеристики на организмот, како здравјето, силата и издржливоста.

Еден циклус трае 23 дена, од кои критични се 1 и 12 ден. Поволен е периодот од 2 до 11 ден, а неповолен од 13 до 23 ден.

Посебно внимание посветете на денот кога сите три криви линии од биоритамот се пресекуваат.

Според боите на линиите, лесно ќе откриете кои денови се поволни, а кои неповолни.

Што е Астрален пекол?

Поимот астрален пекол се однесува на период низ кој сите хороскопски знаци ќе мора да поминат во текот на секоја година.
Овој момент им носи ниска енергија на знаците, па дури и нестабилност во емотивниот аспект.

Астралниот пекол се смета дека се случува месецот пред роденденот (период на Соларно враќање – времето кога Сонцето се враќа на своето место во нашите карти на раѓање).

Овој период кај народот е познат како турбулентна фаза во која сè оди наопаку и личноста поминува низ некакви страдања или тешкотии. Се верува дека во овој период работите не функционираат добро, здравјето може да биде малку ослабено, деловно да сте збунети, расположението и енергијата ниски... Како да мораме да поминеме низ некакво искушение пред да влеземе во нов циклус.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков партнер му треба на секој хороскопски знак (за бракот да трае долго)? Девица – Ви треба личност што ќе ги почитува вашите граници, но ќе знае како да ...
За 3 дена ќе имаме полна крвава Месечина – кои два хороскопски знаци ќе бидат најпогодени? Кои два хороскопски знаци ќе бидат најпогодени од крвавата Месечина што ќе трае ...
Еротски хороскоп за 2023-та година: Ваги – игри на доминација, Водолии – нема потреба да се срамите ... Рак - По природа сте емотивни и потребно ви е да имате длабоки чувства за партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg