Моментот кога Пике беше „осуден“ да го гледа настапот на бившата Шакира на Светско 2026 со синовите (видео)
- Детали
- понеделник, 20 јули 2026
Пике беше најомразен кога се дозна дека ја изневерил Шакира и ја остави за другата, а сега вирално се споделува моментот кога тој мораше да го следи нејзиниот настап на Светско 2026, заедно со синовите кои ја пееја нејзината песна „Dai Dai“.

На синоќешното финале од Светското првенство, освен фудбалскиот меч, имаше уште многу пропратни моменти кои станаа вирален хит.
Па така, освен братот на Ламин Јамал кој го украде шоуто, многумина не пропуштија и да го прокоментираат Жерар Пике.

Фудбалерот беше забележан како заедно со синовите Саша и Милан, кои ги има од поранешната Шакира, пристигнува на стадионот.
На Твитер многумина коментираа дека децата не изгледаат воодушевено од дружбата со татко им.
Но, посебно им падна во очи моментот кога Пике беше осуден да го проследи настапот на Шакира на полувремето од трибини, заедно со синовите кои си ја потпевнуваа химната „Dai Dai“.
„Ти благодариме Саша за овој момент“ /„Дали е можно Шакира да има повеќе Светски првенства од Пике?“ „Ха-ха карма“ / „А таткото се прави дека не слуша“ – се дел од коментарите на виралното видео.
За потсетување, беа во врска речиси 10 години, кога во 2022 официјално соопштија дека се разделуваат.

Причината за разделбата е изневерувањето на Пике, со Клара Чиа, девојката со која денес уште е во врска.
М. М. | Црнобело