Тригодишниот брат на Ламин Јамал стана хит на Светско 2026 – ги освои срцата на сите, радосно се гушка со него по триумфот

По победата на Шпанија, слаткиот тригодишен брат на Ламин Јамал (19) стана вирален хит и го освои шоуто – позира со брат му со трофејот, трча по терен и сите го обожаваат, му дадоа да шутира гол, а еден полицаец му ја подари својата капа за да се слика.

trigodishniot-brat-na-lamin-jamal-stana-hit-na-svetsko-2026-gi-osvoi-srcata-na-site-radosno-se-gushka-so-nego-po-triumfot-01.jpg

Вчеравечер се одржа финалето на Светско првенство 2026, помеѓу Шпанија и Аргентина, а „црвената фурија“ ја освои светската титула откако ги победија противниците со 1:0.

Репрезентативецот Ламин Јамал е најмладиот фудбалер во понова историја, кој на свои 19 години освои Светско првенство.

Тој на теренот победата ја прослави со својата девојка Инес Гарсија, со мајка му, но и со својот тригодишен полубрат Кејн.

Малото момче дефинитивно го украде шоуто со своите слатки потези, ги освои срцата на сите на теренот и цел свет веќе го обожава.

trigodishniot-brat-na-lamin-jamal-stana-hit-na-svetsko-2026-gi-osvoi-srcata-na-site-radosno-se-gushka-so-nego-po-triumfot--.jpg

Тој беше забележан како трча кон својот брат и го прегрнува по триумфот, но и како позира до него заедно со трофејот.

Освен тоа, на социјалните мрежи вирално се шират и фотки и видеа на кои се гледа како полицаец му ја дава својата капа за да се слика, а потоа позира и со црвено капче од фудбалерите.

Во еден момент, репрезентативците на Шпанија го земаа со себе и му дадоа да шутира гол.

trigodishniot-brat-na-lamin-jamal-stana-hit-na-svetsko-2026-gi-osvoi-srcata-na-site-radosno-se-gushka-so-nego-po-triumfot.jpg

Малиот Кејн дефинитивно стана хит на првенството и сите пишуваат за него, па дури се шегуваат дека ќе потпишат петиција да му се изработи специјален трофеј и него.

Погледнете уште неколку видеа со братот на Јамал: 

 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...
Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...

Најчитани неделава