Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на Игрите 2026?

 „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачка, која по освојувањето на среброто на Олимпијадата, во преносот во живо ја покажа раката со два прста.

rodena-e-bez-tri-prsta-na-ednata-raka-osvoi-olimpisko-srebro-kako-florens-brunel-stana-heroj-na-igrite-2026-01.jpg

Канадската лизгачка Флоренс Брунел (22) освои сребрен медал со мешаниот штафетен тим во брзо лизгање на 3000m и стана еден од хероите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина 2026.

Причината за ова е фактот што Флоренс е родена без три прста на левата рака и во текот на целиот свој живот се борела со бројни предизвици, многу често психички поради сопствената несигурност.

Таа ретко објавува свои фотки на социјалните, а во минатото најчесто или ја фотошопирала раката со деформитет или ја криела за да се гледа.

Поради нејзината физичка попреченост, пак, ѝ било тешко да се снајде во брзо лизгање, спорт во кој натпреварувачите ги користат дланките за да одржуваат рамнотежа додека со огромна брзина влегуваат во остри кривини на мразот.

Но, кога во 2022-ра беше избрана како најмлад член на канадскиот лизгачки тим на Зимските олимписки игри, Флоренс веруваше дека работите се менуваат за неа.

За жал, таа беше причината што Канада тогаш заврши на 6-то место, откако на мразот удри во лизгачка и беше казнета.

По ова, Флоренс реши да се откаже од лизгањето.

„Го остварив мојот сон и се чувствувам несреќно. Зошто воопшто би продолжила со ова? Ја загубив целта“, изјави Флоренс тогаш.

Таа падна во депресија, но почна да оди на терапии и по многу месеци работа со психијатар, успеа да ја победи депресијата.

Тешкиот период го остави зад себе, повторно влезе во тимот на Канада и овој пат приказната има среќен крај, бидејќи таа им помогна да освојат олимписко сребро.

Откако го освои медалот, Флоренс и пред телевизиските камери откри како изгледа нејзината рака, а многумина беа изненадени, бидејќи не знаеја дека е родена без три прста.

„Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели денес таа.

rodena-e-bez-tri-prsta-na-ednata-raka-osvoi-olimpisko-srebro-kako-florens-brunel-stana-heroj-na-igrite-2026-02.jpg

За да го надмине својот хендикеп, таа носи специјално дизајнирана, уникатна ракавица, која ѝ овозможува да балансира на мразот во исти услови како и останатите лизгачи.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg