Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи Џонсон, ја заврши трката во супер велеслалом, на целта ја чекаше нејзиниот дечко кој клекна на колено со прстен. Тејлор Свифт меѓу првите им честиташе за свршувачката.

Американската скијачка Бризи Џонсон се сврши на Олимпијадата во Милано и Кортина.

По нејзиниот настап на трката во супер велесалом, на крајот на скијачката патека ја пречека нејзиниот дечко Конор Воткинс, кој клекна на колено и пред илјадници луѓе ја побара за сопруга.

Ова се случи 4 дена откако Бризи освои злато во спуст, а потоа беше и првата која се пожали дека олимписките медали се распаѓаат.

„Здраво дечки... запознајте го Конор, мојот бивши дечко. А сегашен свршеник! Ви благодарам на сите што помогнавте овој момент да стане реалност.
Беше онака како што отсекогаш сум сонувала. Исто како што е и Конор“ - напиша таа на Инстаграм.

Меѓу првите што ѝ честитаа беше Тејлор Свифт, но и скијачката Линдзи Вон, која имаше тежок пад на спуст трката, по што заврши во болница со сериозни повреди.

Кликнете и погледнете го видеото од запросувањето:
А. Ј. | Црнобело
