Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026

„По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка на самиот старт од првото возење, со што предвреме го заврши своето учество на овие Олимписки игри и нема да настапи во втората трка“, напишаа од МОК за настапот на нашата скијачка.

nashata-skijachka-jana-atanasovska-ne-ja-zavrshi-trkata-vo-slalom-na-olimpijadata-2026-01.jpg

Нашата Јана Атанасовска имаше неуспешен настап и на втората трка за Зимската олимпијада 2026. Откако не ја заврши трката во велеслалом викендот, таа денес не успеа да ја извози ни првата трка во дисциплината слалом.

Со настапот на Јана, заврши и настапот на сите македонски Олимпијци на овие Игри.

„На Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, нашата млада претставничка Јана Атанасовска не успеа да ја совлада патеката ниту во денешниот слалом.

По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка на самиот старт од првото возење, со што предвреме го заврши своето учество на овие Олимписки игри и нема да настапи во втората трка.

Иако очекувањата беа големи, неискуството и преголемата желба за успех на најголемата спортска сцена беа пресудни овојпат. Олимписките игри носат огромен притисок, а денешниот настап е само уште еден чекор во градењето на кариерата на нашата надежна скијачка.

На Јана ѝ посакуваме многу повеќе среќа, успех и уште подобри резултати на сите следни натпреварувања“, напишаа од Македонскиот олимписки тим.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Моментот кога Пике беше „осуден“ да го гледа настапот на бившата Шакира на Светско 2026 со синовите ... Пике беше најомразен кога се дозна дека ја изневерил Шакира и ја остави за друга...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...

Најчитани неделава