Пушењето е јавноздравствен проблем за кој, на прв поглед, се чини дека сè е веќе кажано. Ризиците се познати, предупредувањата се на секоја кутија, кампањите против пушењето траат со децении, а препораката на медицината е јасна: најдобро е никогаш да не се започне со пушење или целосно да се прекине употребата на тутун и никотин. Но и покрај тоа, бројките покажуваат дека пушењето останува длабоко присутна навика, а не проблем што може да се реши само со повторување на истите пораки.