НОВА ШОПИНГ- ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот Источен Регион добиваат ново, модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд за облека, долна облека и производи за дом, „Сара фешн“ официјално ги отвора вратите на својата најнова продавница „Сара фешн & хоум“ (Sara Fashion & Home) сместена во „Штип Сити Мол“.

nova-shoping-destinacija-vo-stip-golemo-otvoranje-na-novata-prodavnica-na-sara-fashion-and-home-vo-stip-city-mall-01.jpg

Новиот продажен простор е дизајниран според најсовремените ентериерни стандарди на брендот, нудејќи им на посетителите уникатно искуство при пазарењето. Продавницата на едно место го обединува богатото портфолио на „Сара фешн“ ‒ познато по квалитетната долна облека, програмата за спиење, костимите за капење и модните додатоци, како и линијата „Сара фешн & хоум“ (Sara Fashion & Home), која нуди раскошен асортиман на текстил и декоративни детали за домот.

По повод големото отворање, брендот подготви вистинска празнична атмосфера. Сите посетители на денот на отворањето ќе уживаат во музичка програма со DJ во живо, многубројни подароци и специјални изненадувања. Дополнително, во периодот од 29 јули до 2 август, за сите купувачи ќе важат ексклузивни попусти од 20 до 50 % на целиот асортиман.

По отворањето, се покануваат сите љубители на добрите шопинг-искуства и на забавата да бидат дел од големото отворање во „Штип Сити Мол!“

Најчитани неделава