До црквата може да се стигне со автомобил по локален пат, а постојат и пешачки патеки кои водат од Велгошти кон планинските предели на Галичица. Дворчето на оваа црква е совршено место за релаксација со спектакуларен поглед...
Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ја атмосферата во цветниот рај на Роберт. Неговиот дом во секој агол е закитен со некое цвеќе во впечатлива боја.
„Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а тоа е верандата со надворешен камин опкружена со зеленило и цвеќиња.
Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просторија и е идеално за почетници бидејќи не бара многу грижа.
Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи среќа и богатство. Се чува на индиректна светлина, се наводнува на 7-10 дена, а ќе ви го претвори домот во урбана џунгла.
„Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу ги сакаше, па ги засакав и јас. Сега, со помош на мојот сопруг го имам овој двор. Голем дел од уредувањето и деталите во дворот се рачно изработени од нас двајца. Сакаме сами да создаваме уникатни работи – од декорации до мали елементи што го прават дворот поразличен и полн со душа“ - вели Сања за CRNOBELO.com која ужива во дворот и во зимските месеци.
Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Ресен во вистинска есенска бајка.
Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи материи кои се важни за растенијата, па може да ви биде од огромна корист.
„Секој детаљ, секое катче е плод на макотрпна, но исплатлива работа која што јас и мојот сопруг ја сработуваме со љубов, а посебно сум горда на цвеќињата кои бараат многу грижа. Декорот на дворот се состои од 90% реставриран стар мебел кој некој ни го подарил или сме го нашле буквално фрлен во ѓубре – тркала од запрежни коли, стари велосипеди, маси, буриња“ - вели Мирјана за CRNOBELO.com за дворчето кое е шаренило од бои и рај за очи во с. Пештани.
Ако балконот не ви е подготвен за лето, време е да се инспирирате од луѓе кои споделија фотки од нивното омилено место во домот - не мора да е луксузно за да изгледа бајковито и да биде ваша мала оаза.
Од фигури на животни и Снежана и седумте џуџиња до совршено негувано и обликувано цвеќе, овој двор во Валандово е вистинско катче за релаксација.
Сукулентот чуваркуќа или цветот сардела (познати и како пеларгонија) – растенија кои се идеални за на балкон или во градина.
Пред да ги ставите во вазна, завиткајте ги лалињата во весник и оставете ги така неколку часа, најдобро преку ноќ.
„Мојата прабаба сè додека беше силна физички, работеше во својата градина која беше нејзина гордост, па така и јас одлучив да тргнам по нејзините стапки и сега уживам во градинарството“, вели Викторија Кочишка Димитријева за CRNOBELO.com.
„Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта боја, украсени со сијалички, се доволни да внесат есенски бои и топло расположение во вашиот простор“, вели Перо Митаноски.
Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто што ќе ви го декорира домот, тогаш шефлерата може да биде вистинскиот избор за вас. Таа расте брзо, при што за кратко време ќе може да уживате во нејзиниот раскош и убавина.
Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, целосната сончева светлина ќе поттикне најмногу цветање, па затоа, погрижете се растението да добие најмалку шест или повеќе часа директно сонце.
Она на што треба да внимавате е тоа што ова растение е отровно, односно, неговиот сок може да предизвика алергиски реакции, па затоа не се препорачува да се одгледува во просторија каде што престојуваат деца.