Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате дома
Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи материи кои се важни за растенијата, па може да ви биде од огромна корист.

Ако имате и само две-три растенија во домот, треба да знаете како да се грижите за нив. А, за ова не секогаш ви требаат скапи (или штетни) препарати.
За многу трикови потребни ви се продукти, поточно намирници што веќе ги имате дома.
Градинарски трикови што треба да ги пробате:
Чај како ѓубриво и средство против инсекти
Искористените честички чај, особено од црн или зелен, се одличен извор на азот. Па, можете да ги додадете во почвата на растенијата. Покрај тоа, тие имаат состојка што е одбивна за полжавите.
Но, немојте да ставате чај со вреќички кои содржат пластика – најдобро е да го додадете чајот исушен, и не во многу голема количина.
Лушпи од банана како ѓубриво
И лушпите од бананата се богати со хранливи материи кои се корисни за растенијата.
Можете да ги исечете лушпите и да ги ставите во почвата во растенијата. Можете да направите и „чај“ – накиснете ги во вода неколку денови, па потоа полевајте ги растенијата со оваа вода.
Јаглен како природен извор на минерали
Ако имате јаглен од изгорено дрво, можете да го додадете во почвата бидејќи содржи калиум, а може и да ја регулира pH вредноста на почвата.
Важно е да ставите многу мало количество бидејќи во спротивно може премногу да ја намали киселоста на почвата, што, пак, е штетно за растенијата.
Талог од кафе како ѓубриво
Талогот од кафе содржи азот, калиум фосфор, магнезиум калциум – хранливи материи кои се важни а растенијата.
Во текот на неделата, собирајте го талогот од кафе и потоа една шолја талог измешајте со 10 литри вода.
Оставете да отстои неколку денови, со повремено мешање, па додавајте ја водата во растенијата еднаш неделно. Исто така, можете и да ставите малку талог од кафе директно во саксијата.
Немојте да ставате многу талог или премногу често да ги полевате растенијата со водата со талог бидејќи може да ја направите почвата многу кисела.
