Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате дома
Лушпи од компири како течно ѓубриво
Водата во којашто сте вареле компири е полна со калиум. Па, штом ќе се излади, можете веднаш со неа да ги полеете растенијата. Но, важно е во водата да немате додадено сол или какви било зачини.
Можете и да сварите само лушпи од компири пред да ги фрлите, па повторно да ја искористите водата на испитот начин.
Лушпи од јајца за калциум
Лушпата од јајце е природен извор на калциум, кој е идеален за зајакнување на корените на растенија.
Треба само да ги измиете, исушете и измелете лушпите, па измешате ги со почва која ќе ја додадете во растенијата.
Лушпа од лук како природна заштита
Поради интензивниот мирис, лукот е одбивен за многу штетници.
Треба само да ги накиснете лушпите во вода околу 24 часа. Потоа процедете ја водата, ставете ја во шише со распрскувач и испрскајте ги растенијата.
Цимет против штетници и болести
Циметот е можеби најдобрата состојка за вашата градина. Го стимулира растот, одбивен е за инсектите, а има и антифунгални својства. Покрај тоа, може да ги заштити растенијата од низа болести.
Еднаш неделно можете да ставате малку цимет во почвата или да го растворите во вода со која ќе ги испрскате листовите.
Спирова С. | Црнобело
