Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан)
Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просторија и е идеално за почетници бидејќи не бара многу грижа.

Ако немате доволно природно светло во домот, не значи дека треба да се откажете од растенија.
Постојат бројни видови кои преферираат сенка, што значи добро ќе виреат и во потемен стан.
Шест растенија што можете да ги чувате во темен стан:
Замија
Замијата е растение кое поднесува слабо светло, единствено ќе расте побавно ако е сместено во темна просторија.
Притоа, не бара некој посебен третман, а поднесува и суша, што го прави одлично за почетници.
Ако ја чувате замијата во темна соба, доволно е да ја наводнувате само еднаш-двапати месечно.
Ако сакате малку да порасне, тогаш повремено ставајте ја на светло, а тогаш ставајте и малку повеќе вода.

Сансеверија
Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија.
Виреат и на слаба светлина, а не бараат многу наводнување.
Ова растение расте бавно, што значи подолг период ќе можете да го чувате во иста саксија.

Аглаонема
Аглаонемата е растение достапно во неколку бои, кое одлично вирее во просторија со малку светло.
Популарно е меѓу почетниците бидејќи изгледа убаво, а е едноставно за одржување.
Но, важно е да знаете дека не поднесува суша како сансеверијата или замијата, па не треба да заборавите да го наводните.

Аукуба
Аукубата има уникатни листови со светли дезени и мошне добро вирее со малку светло, а сака и пониски температури.
Треба да го чувате во саксија со добра дренажа, а да го наводнувате кога горниот слој на земјата малку ќе се исуши.

Спирова С. | Црнобело
