Замија-растение кое носи среќа и пари, а нема да успеат да го исушат и најнеспособните

Доколку припаѓате на онаа категорија луѓе кои може да умртват и кактус, без грижа. Замијата е цвеќе кое не бара многу внимание и посветеност, а ќе ве награди со раскошни зелени ливчиња.

Zamija-rastenie=koi-nosi-srekja-i-pari-01.jpg

Се полева со вода од прилика еднаш месечно, па дури и поретко. Не треба да претерувате со водата, бидејќи на тој начин ризомот ќе почна да скапува, а листовите да пожолтуваат.

Ова зимзелено растение потекнува од Африка, а поради раскошниот изглед и лесното одржување последниве неколку години стана особено популарно како собно саксиско цвеќе.

Може да израсне и до 100 cm во висина, а се одликува со дебели фиданки во вид на стебла на кои растат сјајни, мазни и цврсти зелени ливчиња.

Zamija-rastenie=koi-nosi-srekja-i-pari (1).jpg

Треба да внимавате да биде на светло, но не биде директно изложена на сонце и температурата да не се спушти под 15 степени во просторијата каде што ја одгледувате. Оптималната температура за оваа билка изнесува од 18 до 24 степени.

Цвета од средина на летото до почетокот на есента со необичен цвет кој малку наликува на калата и се појавува околу дното на стеблата.

Zamija-rastenie=koi-nosi-srekja-i-pari (3).jpg

Замијата најдобро се размножува со раздвојување на стеблата или од листовите така што листот се става во влажен супстрат и се одржува таков бидејќи листот брзо се исушува, а во земјата ќе се зачне мал ризом од кој ќе потера ново растение.

Сепак, бидете трпеливи, бидејќи ова може да потрае прилично долго, но трпението секако ќе ви се исплати. 

Zamija-rastenie=koi-nosi-srekja-i-pari (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава