Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам да се дружам со внукот“
- Детали
- петок, 17 јули 2026
„Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шпанија, мислев дека ќе ме дочека да завршам со настапите кои беа нејзина желба, но јас се вратив на 14-ти, таа се породи на 15-ти. Потоа веднаш одам да се дружам со внукот“ - вели Цеца во првата изјава по породувањето на нејзината ќерка.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ го добија нивното прво дете на 15 јули 2026, а веста ја сподели среќниот татко еден ден подоцна.
Ќерката на Цеца успешно ја чуваше во тајност цела бременост и ги изненади фановите откако споделија дека станала мајка.
Иако многумина мислеа дека баба Цеца е таму и го дочекала раѓањето, сепак си заминала еден ден претходно, заради работни ангажмани.

Таа уживаше неколку дена во Шпанија и се дружеше со ќерката во последните денови од бременоста, а сега едвај чека да оди повторно и да го запознае внукот.
Српските медиуми ја начекаа на аеродром, а бабата на четири внучиња, сите машки, вели:
„Јас сум богата жена. Не постои поголемо богатство и радост од кога се раѓаат внучиња, здрави и убави. Одлично се и Анастасија и внукот.
Се вратив на 14-ти, мислев дека ќе ме дочека да завршам со настапите во Топ Хил кои беа нејзина желба, бидејќи цело лето си го оставив слободно за да се одморам.
Но ете јас се вратив на 14-ти, а таа се породи на 15-ти. Потоа веднаш одам во Шпанија.
Не ми е важно дали ќе ме чекаат за славење, им посакувам добро да си поминат, а јас едвај чекам да се дружам со својот внук“.
Инаку, Анастасија се породи во приватна болница во Севиља, каде што живеат со сопругот Немања.
По веста за породувањето, нејзиниот брат, вујче Вељко, заедно со сопругата Богдана, веднаш отпатува за Шпанија, од каде веќе објавија фотки како уживаат.
Вељко Ражнатовиќ е среќен вујко - со сопругата пристигна во Шпанија да слави за бебето на Анастасија
М. М. | Црнобело