Познатиот „Езел“ добива 92.000€ по епизода - Дел од најплатените турски актери во 2025 (и колку заработуваат од епизода)
- Детали
- недела, 02 ноември 2025
Прв на листата најплатени актери по епизода во 2025-та е Кенан Имирзалиоглу, чија плата по епизода за серијата „Семејството е тест“ изнесува 4.500.000TL, што е околу 92.295€.

Турција има неверојатно голема филмска продукција и во земјата се вложуваат многу пари за снимањето серии и филмови.
Дел од нив стануваат толку популарни што се прикажуваат и низ целиот свет, а дел од турските серии се снимаат специјално за „Нетфликс“.
Сето ова, ја „крена“ и цената на дел од актерите, кои добиваат вртоглави пари по снимена епизода.
Според турските медиуми, прв на листата најплатени актери е познатиот Езел, односно Кенан Имирзалиоглу, чија плата за една епизода во серијата „Семејството е тест“ изнесува 4.500.000TL, што е околу 92.295€ (бројката варира заради соодносот на турската лира и еврото).
Интересно е што оваа серија е сè уште во фаза на снимање и ќе почне да се прикажува наскоро.

Неговата партнерка во серијата, Афра Сарачоглу, има хонорар од 2.500.000TL односно околу 51.275€, што е скоро 50% помалку од Кенан.

Главниот машки актер во серијата „Сонот на Ешреф“, Чагатај Улусој, добива 3.250.000TL, односно околу 66.655€ по епизода.

Демет Оздемир, која ја игра главната женска улога во истата серија, заработува по 2 милиони TL за епизода, што е 41.020€.

За улогата во серијата „Љубов и солзи“, Бариш Ардуч добива 3.500.000TL т.е 71.785€.

Неговата филмска љубов, од серијата, Ханде Ерчел има двојно помал хонорар, т.е 1.750.000TL или 35.892€.

Озан Акбаба, кој глуми во „Далечен град“ заработува 1.500.000TL, односно 30.765€ по епизода.

Синем Унсал, која глуми со него, добива по 1 милион лири за епизода, што е околу 20.510€.

А. Ј. | Црнобело