Бака Прасе парите ги брои во милиони, а на бившата Ања Бла ѝ пропадна бизнисот - Каков дебакл доживеа?
- Детали
- сабота, 27 јуни 2026
„Имам околу 500-600.000 евра вложени во зграда. Потоа, околу 500-600.000 евра во плац на Дедиње. Имам автомобили вредни и по 750.000 евра, а вкупно во автомобили имам 1,5 милиони евра, не знам, можеби и повеќе“, се пофали Бака Прасе додека бившата Ања Бла се соочила со дебакл со еден бизнис потег.

Најпознатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, повторно ја изненади јавноста со детали за своето богатство.

Откако еден следбеник остро го прозва дека живее под кирија, Богдан одлучи јавно да одговори и во детали да наброи што сè поседува.
Јутјуберот Бака Прасе и претходно беше познат по тоа што отворено зборува за своите месечни приходи, што секогаш предизвикува бурни реакции и големо внимание.
Меѓутоа, за време на еден од неговите неодамнешни лајв-преноси, Богдан подетално ја откри состојбата.
Коментарот што го испровоцирал гласел:
„Заработуваш 700.000 евра месечно, се занимаваш со коцкање веќе три и пол години, а немаш ништо и живееш под кирија“.

Одговорот на Бака Прасе:
„Вака гледај, имам околу 500-600.000 евра вложени во зграда. Потоа, околу 500-600.000 евра во плац на Дедиње.
Имам автомобили вредни 750.000 евра, а вкупно во автомобили имам 1,5 милиони евра, не знам, можеби и повеќе.

Имам плац од 50 ари кој сам по себе вреди 150.000 евра, часовник од 130.000 евра, накит на Милена вреден повеќе од 50.000 евра.
Имам заштедени 300.000 евра во готовина. А да, во автомобилите имам повеќе од 1,5 милиони евра, го заборавив ‘Урусот’ од 700.000 евра“.

Кога некои луѓе во коментарите почнале да се сомневаат во неговите зборови и да пишуваат дека лаже, Богдан во лајвот изјави:
„Брате, зошто би лажел? Ако лажев, ќе кажев дека имам заштеда од 5 милиони, 10 милиони. Да, и во скапоцености имам околу 350.000 евра што сум ги стекнал“.
Инаку, Бака Прасе неодамна им откри на своите следбеници дека неговиот автомобил од марката „Порше“, вреден дури 700.000 евра, бил оштетен при нестручно поставување заштитни фолии.
Неговата бивша девојка Ања Бла, која стана позната по својата врска со познатиот јутјубер, има финансиски проблеми.
