Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ?
- Детали
- понеделник, 05 јануари 2026
По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во каков однос остана со поранешната свекрва Лепослава Јариќ?

Адријана Лима беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, од 2009 до 2016 година и заедно добија две ќерки, Валентина (16) и Сиена (13).
Но, во какви односи односи остана Лима со семејството на поранешниот партнер?

Таа и понатаму негува прекрасен однос со мајката на Марко, Лепослава Јариќ.

Нивниот однос се темели на меѓусебно почитување, искреност и љубов, а Адријана тоа еднаш јавно го покажа и на својот Инстаграм профил.
На поранешната свекрва, која Адријана и нејзините деца од милост ја викаат „Жижа“, ѝ посвети емотивна порака.

„Чест ми е што си баба на моите деца. Жижо, те сакаме“, напиша Лима.
Таа ѝ се заблагодари што секогаш е тука за неа и за своите внуки, со што покажа дека нивната љубов не престанала ниту по разводот од нејзиниот син Марко.

Инаку, српските медиуми пишуваат и дека Лепослава често патува во Мајами и се дружи со внуките, а Адријана ја пречекува со раширени раце.

Инаку, Адријана во август 2022 година го роди своето трето дете, синот Сиан, а во 2024 година се омажи за филмскиот продуцент Андре Лемерс, таткото на нејзиниот син.
Прочитајте и Сакаат да ги следат стапките на мама – Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?
С. С. | Црнобело
