Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба (видео)

Видеото од непријатната ситуација со Дара Бубамара е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама мора да ти кажам дека многу ми личиш на бившата снаа на Кеба, на Северина“. Но, пред Дара да каже „Северина“, Софија ја прекинува и вели: „И јас сум исто бивша снајка“. 

dara-bubamara-so-gaf-vo-dzvezdite-na-grand-mi-lichish-na-severina-i-reche-na-bivshata-snaa-na-keba-video-01.jpg

Едно од најпопуларните музички шоуа во регионот, „Ѕвездите на Гранд“ веќе почна со новата сезона и новото жири, во кое од годинава седи и Дара Бубамара, а како постојан член на жирито е и Драган Којиќ Кеба.

И токму најголемиот гаф во последната емисија која се прикажуваше на 11 октомври е поврзан со нив двајца.

Меѓу кандидатите во првиот круг се појави и Софија Дачиќ, која неколку месеци беше во брак со Игор Којиќ, а од кого се разведе неодамна.

Додека таа пееше, жирито не можеше да ја види, но откако се спуштија параваните пред нив, тие го коментираа нејзиниот настап, но и изгледот.

dara-bubamara-so-gaf-vo-dzvezdite-na-grand-mi-lichish-na-severina-i-reche-na-bivshata-snaa-na-keba-video-02.jpg

Па, кога дојде ред на Дара Бубамара, таа ѝ рече:

„Мене ми беше одлична, ама мора да ти кажам дека многу ми личиш на бившата снаа на Кеба, на Северина“.

Но, пред Дара да каже „Северина“, Софија ја прекинува и вели: „Таа сум“, па се дополнува: „И јас сум исто бивша снајка“.

Во позадина се слуша гласот на Цеца која вели дека Игор и Софија се разведени, а Дара збунета прашува: „Молам? Јас мислев на Северина. Па како?“.

dara-bubamara-so-gaf-vo-dzvezdite-na-grand-mi-lichish-na-severina-i-reche-na-bivshata-snaa-na-keba-video-03.jpg

„Таа ми беше прва снаа“, ѝ објаснува Кеба на Дара.

„Прва? А има и втора?“, упорна е Дара.

„Јас сум втората“, вели Софија.

„Леле Господе, каква случајност, извинете. Јас сакав да кажам дека личи на Северина...“, почна да се правда Дара. 

„Каде баш тоа?“, вели Софија, на која ѝ е непријатно.

Кликнете и погледнете го целото видео:

Инаку, Софија доби „да“ од својот поранешен свекор, кој сметаше дека таа треба да оди понатаму.

Кликнете за да погледнете дел од нејзиниот настап:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg