Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја улога“
- Детали
- вторник, 31 март 2026
„Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога ќе дојде кај нас. Не сум се ставила во улога да го воспитувам или не дај Боже да му се дерам, бидејќи сметам дека тоа не е моја улога“ - вели Софија Милошевиќ за првиот син на Лука Јовиќ, кој го доби од бившата девојка додека беше во врска со Софија.

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ и манекенката Софија Милошевиќ се заедно од 2019-та година, а ги имаат двата сина Алексеј (2020) и Теодор (2022).
Лука пак, од врската со Ангела Маниташевиќ, го има и синот Давид, кој е во одлични односи со неговото семејство.
Сега Софија, во подкаст, покрај многуте други теми од приватниот и професионалниот живот, проговори и за односот со Давид.
„Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога ќе дојде кај нас. На мене ми е важно да му е убаво, тој супер се сложува со моите деца, многу се сакаат, баш ненормално се сакаат.
Не сум се ставила во улога да го воспитувам или не дај Боже да му се дерам, бидејќи сметам дека тоа не е моја улога.
Моја улога е тој да биде среќен кога ќе дојде кај нас и така се поставив кон него.
Мислам дека му е убаво, и на мене и на Лука ни е важно да имаме убав однос и со Немања и со Ангела (мајката и очувот на првиот син на Лука)“.
Меѓу другото, таа откри дека на синовите сака да им пренесе добри вредности, да бидат добри луѓе, но не другите да ги газат, туку да имаат свое јас и свое мислење, да се самостојни, како што била и таа.
Накратко Софија се потсети на првата средба со родителите на саканиот и вели:
„По ручекот, тргнав да собирам садови, како што би направила и вообичаено, а татко му на Лука, кој е многу смешен човек, почна да ме снима и рече – Сега ова ќе го пратам во Курир.
Така што се смеевме беше опуштено, а мајка му е многу добра и вредна жена“.
М. М. | Црнобело
