Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело семејство е ‘оштетено’“
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
„Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мојата помлада ќерка ми вели: ‘Мамо, те молам, не го ставај Константин кај Лука во скут’. А јас одговарам: ‘Не се грижи, Лука го обожава Константин’. Па кога виде колку Лука го гали, колку е нежен и топол со бебето, ми кажа: „Леле мамо, колку е ова убаво’,“ открила Оџаклиевска во своето последно интервју.

Иако долги години не е активна на музичката сцена, и тоа е нешто за што најмногу се кае, Маја Оџаклиевска и понатаму е жена која привлекува големо внимание.
Медиумите секогаш се фасцинирани со нејзината тешка животна приказна, а минувачите се вртат по неа кога ќе се прошета на улица.
А неа, колку што и годи вниманието, толку на моменти и ѝ пречи, особено кога сака да се исплаче.

И токму тоа го откри во новото интервју за Блиц, каде што освен за своето каење што не снимила повеќе авторски песни, раскажува за внукот Лука (16), кој има аутизам, но и за тоа како неговата состојба влијаела на целото семејство, па таа вели дека сите се „оштетени“.
Лука е син на нејзината постара ќерка, која кога тој бил мал го оставила, а Маја ја презела целосната грижа за него.
„Кога првпат јавно проговорив за аутизмот на внук Лука, луѓе ме запираа на улица и ми велеа: „Благодарам што зборувате за тоа“.
Сите кои имаат деца со попреченост ми се заблагодаруваа. Искрено, во тоа време не бев свесна колку е тоа важно. Не можев да сфатам дека никој не зборувал за тоа пред мене.
Подоцна ми рекоа дека сум им дала мотивација на луѓето. Не знаев дека сум првата што зборува за тоа. Но, очигледно сум била прва“.

Во интервјуто Маја отворено зборува за семејствата што живеат со аутизам и вели дека таму „сите се оштетени“.
„Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мојата помлада ќерка ми вели: ‘Мамо, те молам, не го ставај Константин кај Лука во скут’.
А јас одговарам: ‘Не се грижи, Лука го обожава Константин’. Па кога виде колку Лука го гали, колку е нежен и топол со бебето, ми кажа: „Леле мамо, колку е ова убаво’.

Аутистичните деца живеат во свој свет. Тој свет не толерира промени и не поднесува негирање.
Тие не можат да поднесат агресија, викање и врескање. Тие имаат исклучително чувствителен слух. Треба да разговарате со нив тивко и со насмевка.
Не треба да му пристапувате на детето со мислење дека му недостасува нешто. Ако имате доволно љубов во себе, тогаш имате добитна комбинација.
Луѓето треба да учат како да се однесуваат кон децата со аутизам. Ако имаш љубов, доволно е, се друго само си доаѓа“, рекла Маја.

На прашањето како е Лука денес, Маја открила дека тој е сместен во дом.
Ова доаѓа откако пред некое време таа изјави дека веќе не се чувствува способна да се грижи за него.
„Пред неколку дена наполни 16 години, веќе е големо момче. Сместен е во дом во близина на Петровац на Млава, во Стамница, каде што го чува одличен, но, за жал, мал тим.
Не разбирам зошто не им се помага да вработат повеќе работници. Веројатно немаат доволно приходи за да ги платат овие луѓе, а тоа би значело многу.
Таму има многу деца. Мислам дека се вкупно околу триста луѓе со развојна попреченост, на еден или друг начин.

Одговорноста не смее да падне врз мал број вработени. Потребно е да се обезбеди грижа за сите овие луѓе, здравствена заштита, исхрана, хигиена.
Не можете да се потпрете на толку мал број луѓе кога имате голем број деца. Да не зборуваме за перење, одржување чистота и постојана здравствена нега.
На некој начин, апелирам до оние кои се во можност да помогнат во тој дом, потребно е да се обезбедат уште неколку плати за да се помогне на малиот број луѓе кои прават сè за да ги одржат овие деца здрави и згрижени“, кажала пејачката.

Целото видео интервју погледнете во продолжение:
Прочитајте и Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна на Маја Оџаклиевска
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук
