„Има скриен талент“ - Бака Прасе се фали колку му е згодна девојката, со фотки од одмор во Грција, но и од кревет дома
- Детали
- недела, 19 јули 2026
„Скриениот талент на Милена, кој веќе нема да биде тајна, е дека може да 'аплаудира' со задникот. Секогаш сум импресиониран кога ќе го видам тој талент“... Бака Прасе со уште една бизарна изјава за својата девојка Милена, која е со солзи радосници бидејќи ја сретнала турската актерка Хурем во Грција.

Девојката на Бака Прасе, Милена Стаменковиќ, изгледа навистина атрактивно, а познатиот јутјубер не пропушта пригода да се пофали со тоа.

Без разлика дали позира со неа во кревет дома или, пак, ја објавува од одмор во бикини, тој на Инстаграм Стори постојано нагласува колку се фит и атрактивни со Милена, откако и тој се доведе себеси во форма со интензивни тренинзи.

Бака Прасе и Милена летуваа на Миконос, од каде на своите следбеници им покажуваа во каков луксуз уживаат.
Парот изнајмил приватна вила, а фотографијата на Милена од базенот, која јутјуберот ја објави пред неколку дена, привлече големо внимание во јавноста.

Милена обожава минијатурни бикини кои во преден план ги истакнуваат нејзините силиконски гради, но и изразените стомачни мускули и совршената фигура.

Во една пригода Бака Прасе за силиконските гради на својата партнерка изјави:
„Постигнавме договор. Јас не ги платив овие и се чувствувам како да немам право на нив, како да не се мои. Бидејќи јас сум одговорен за оваа млада дама, се договоривме јас да ѝ финансирам поголеми гради“.

