Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да се врати во „Гранд“ (фото)
- Детали
- четврток, 21 август 2025
„Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во линија“ – кажа во една прилика едно од најубавите ТВ лица во Србија, Сања Кужет, која ужива на семеен одмор и изгледа како од модна писта, една година по раѓањето на третото дете.

Омилената водителка од „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет (42) максимално го користи летото и често споделува моменти од семејните одмори, пред да започне новата сезона на шоуто.
Но, освен тоа, таа не пропушта прилика да го покаже своето згодно тело во бикини или елегантен фустан кој ја истакнува нејзината линија.
Една година по раѓањето на третото дете, таа е во топ форма, со обликувано и извајано тело, а сака да го покаже и своето лице во природно издание.

На најновите фотки од одморот во Грција, се гледа дека престојува во Ammoa Luxury Hotel & Spa Resort, позира со синчето на плажа, без грам шминка и со коса сплетена во плетенки.

Покрај уживањето на плажа, Сања покажа и дека времето го поминуваат на лулашки, но и во спортски активности, односно на тениски терен.
Инаку, таа има три деца - првото дете, синот Андрија, го има од бракот кој траел само една година, а откако се развела, се навратила на старата љубов од младоста, Немања, со кого го добила синот Страхиња. Минатата година го роди и третиот син Вук.

„Најдебела бев во бременоста, се здебелив дури 18kg. Но, по 6 месеци се вратив на својата линија. Јас сум висока жена и на нас ни е полесно.
И кога ќе се здебелиме, тоа некако убаво се распоредува и не е забележливо. За да ослабам, го исфрлив лебот од исхраната и генерално не јадам јаглехидрати.
Првото нешто од што се откажав беше она убаво топло печиво...“ – изјавила Сања во една прилика за српските медиуми.
Погледнете повеќе фотки:




М. М. | Црнобело
