„Ако умреме, ќе умреме заедно“ - Потресна исповед на Србинката што го држеше сопругот да не излета од авион (видео)
- Детали
- понеделник, 13 јули 2026
„Веднаш реагирав и го зграпчив за нозете. Помислив: ‘Ако умреме, ќе умреме заедно’. Еден човек многу ми помогна. Ги држевме нозете на Љубиша заедно, додека авионот се враќаше кон Солун. Не се сеќавам на неговото име, дури не знам ни дали ми кажа. Би сакала да го запознаам, повторно лично да му се заблагодарам“, рекла сопругата на повредениот Србин.

Србинот Љубиша Каровиќ (61) преживеа вистинска драма во петокот (10.07) кога се скрши прозорот на авионот на Ryanair со кој тој и неговата сопруга Светлата, летаа од Солун кон Минхен.
Со вистинско чудо, среќа, но и натчовечки напори на Светлана, Љубиша не излетал од авионот, повлечен од воздушната струја. Тој бил врзан во моментот кога се скршил прозорецот, па тоа прво го задржало да не излета низ прозорецот.
Сопругата реагирала инстинктивно и го држела за нозете, додека неговото тело било делумно низ прозорецот - со главата и до раменици Љубиша бил низ скршениот прозорец.

Србинот во моментов е во болница во Солун, со повреди и изгореници, во состојба на шок од страшната ситуација што ја преживеа.
Неговата сопруга, Светлана, пак, во изјава за медиумите, го опиша моментот што ќе остане засекогаш врежан во нивните животи.
„Како дел од моторот да се скрши и да удри во прозорецот каде што седеше мојот сопруг Љубиша. За среќа, беше врзан.
Кога прозорецот се скрши, во кабината се случи декомпресија. Притисокот го повлече Љубиша, за среќа беше врзан, но половина од неговото тело стрчеше од авионот.
Веднаш реагирав и го зграпчив за нозете. Помислив: ‘Ако умреме, ќе умреме заедно’. Беше ужасно“, ја почнала таа својата потресна исповед.

Таа рекла дека во авионот веднаш настанал хаос, почнале да паѓаат маски, некои патници паничеле, а некои дошле да ѝ помогнат.
„Некои луѓе ми дојдоа на помош, се сеќавам на еден маж и една жена. Тој човек многу ми помогна. Ги држевме нозете на Љубиша заедно, додека авионот се враќаше на аеродромот во Солун.
Мислам дека беше Албанец, му благодарам многу. Не се сеќавам на неговото име, дури не знам ни дали ми кажа.
Би сакала да го запознаам, повторно лично да му се заблагодарам“, рекла Светлана.

Таа раскажала и дека мајка која седела на едно од соседните седишта била многу исплашена.
„До жената седеше дете. Го стисна детето толку силно што речиси го задуши. Знам и дека Љубиша неколкупати ја изгуби свеста.
Важно ми е дека е жив. Тешко е повреден и во шок. Раката му е особено тешко повредена, а има и изгореници.
Не е во состојба да комуницира, не се сеќава на целиот настан“, рекла Светлана.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело