Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не, не јадам само брокула“
- Детали
- недела, 12 април 2026
„Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Огњен сопругата, која одговараше на прашања од фанови на шеговит начин и дрско им ги затвори устите на тие што ја нарекуваат анорексична, а призна и дека е тешко со 2 деца. „Во првата бременост бев буцка...“ - вели за себе.

Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, честопати е мета на критики – од изгледот, до избор на име за детето и одгледување деца.
Сепак, таа нема проблем со злобните коментари на социјалните мрежи и си прави шеги на своја сметка, но некогаш и дрско им ги затвора устите на критичарите.
Изминатите денови, таа отвори прозорче на Инстаграм за фановите да ѝ поставуваат прашања, а Мина во свој стил, шеговито ги одговараше.
Голем дел од прашањата беа фокусирани на тоа колку е тешко сега со две деца, на што таа со доза хумор одговараше дека е на раб на полудување, но открива и дека нема намера да има уште деца.

„Имам осцилации на дневно ниво и менувам 12 личности, но кога на крај на ден ќе ги видам сите, на куп, среќна сум и благодарна“.

Едно од прашањата беше посветено и на возрасната разлика со сопругот, а Мина повторно во свој стил рече: „Може да ми биде татко, ама не ми е“.
Голем дел од следбениците се фокусираа и на нејзиниот фит изглед, па се интересираа како се одржува и колку е висока и тешка.
„Висока сум 170cm, а моментално имам 52.kg. Не можам да ве лажам дека јадам брокули, би било глупаво.
Јадам што ми се јаде и кога ми се јаде, но најчесто не ми се јаде“ – напиша таа и сподели фотка на која некогаш имала 48kg.

Во однос на тоа дали внимавала на исхрана во бременоста, а освен што вежбала со тренер и открива дека по 2 недели од породувањето се издишала, таа повторно на шега продолжи:
„Оваа фотографија (која настана во моментот кога го напуштав родилиштето по првото породување), на која изгледам како слатка буца, е во прилог на тоа дека јадев само брокули, но црната магија го направила своето.
Во втората бременост не се здебелив толку“.

