Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ Миле Китиќ
- Детали
- сабота, 02 мај 2026
Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ја заинтригира јавноста, зашто на дел од фотките е на егзотична дестинација со дечкото, а на дел од нив е со нејзиниот татко, па многумина се запрашаа дали биле заедно на летување.

Младата трап пејачка Елена Китиќ, инаку ќерка на фолк-пејачот Миле Китиќ, никогаш не остава никого рамнодушен со својата појава.
Не е важно дали е во бикини или во широки фармерки кои ѝ ја кријат фигурата, таа е секогаш атрактивна и впечатлива.

Без да се труди, Елена го докажа тоа и деновиве, кога српските медиуми ја снимија на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, додека се враќа од патување со својот дечко, музичарот Михајло Микса Вујиќ.
Насмеана, позитивна, таа блескаше, а под јакната и широките фармерки се наѕираше нејзината згодна фигура.

Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ја заинтригира јавноста - на дел од фотките што ги објави неодамна, таа е на егзотична дестинација со дечкото, но на дел од нив е и со нејзиниот татко, па многумина се запрашаа дали биле заедно на летување.
Елена со татко ѝ, Миле Китиќ
Погледнете повеќе фотографии:


