Јелена Карлеуша со дрзок коментар за Теа Таировиќ: „Смрди на евтино и преку екран“
- Детали
- вторник, 24 февруари 2026
Запрашана што мисли за стилот на Теа Таировиќ, која се фотографираше во костим сличен на оној што Јелена го носеше претходно, Карлеуша одговори во свој дрзок стил.

Јелена Карлеуша е позната како жена која нема „влакна на јазикот“ и која честопати има брутално искрени но и безобразни коментари на сметка на луѓето кои ги знае, но и за луѓето кои не ги познава.

А дека нема проблем да каже гласно сè што ќе помисли, Карлеуша ја покажа уште еднаш, во изјава за српските медиуми, кои ја застанаа пред снимањето на нова епизода од шоуто „Пинкови ѕвезди“.

Новинарите ја прашаа што мисли за костимот на Теа Таировиќ, кој е многу сличен на еден од сценските костими кои Јелена ги носеше на своите концерти во изминатиот период.
Фото: Фејсбук
Станува збор за проѕирен костум со делови во боја на кожа и со многу кристали на себе.
„Мислам дека е крајно несоодветно мене и моите костими да нè споредувате со нешто што смрди преку екран и вреска дека е евтино преку екран, така што...“, одговори Карлеуша.
Фото: Инстаграм
Кликнете и погледнете ја нејзината изјава:
А. Ј. | Црнобело
