Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловила на познатите личности
- Детали
- сабота, 06 декември 2025
Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а сега може да се изнајми за 65.000 евра месечно. Кои други познати личности имаат скапи пловила?

Српските јавни личности, особено оние кои заработуваат добро од кариерата, сакаат да живеат луксузно и на „висока нога“.
А за некои тоа значи и купување скапи недвижности, скапи автомобили, но и скапи јахти.

Кои познати личности поседуваат скапи јахти и бродови?
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ имаат 2 јахти. Поголемата од нив е долга 30m, а вредноста е 6.000.000 евра.
Бидејќи не ја користат цело време, тие често ја издаваат под наем, па и заработуваат од неа, односно, успеаја да си вратат дел од парите дадени за нејзино купување.


Според страницата YachtCharterFlеet, јахтата можете да ја изнајмите во сезона, за 65.000 евра, а вон сезона, од октомври до април, цената е малку пониска, околу 60.000 евра.
Тие повеќе време поминуваат на малата јахта, а со неа пловат и во Хрватска и во Црна Гора.


Јахта поседуваше и Саша Поповиќ, а ја платил 1 милион евра. Таа го добила името по неговата сопруга Сузана.
Неговата јахта била закотвена во Опатија, каде што имаа и имот.
Според српските медиуми, мебелот бил изработен по нарачка, со неколку одделни кабини, трпезарија, кујна, мини-теретана, неколку бањи.
Вкупната квадратура на внатрешноста на бродот е околу 30m2.

