Мандар стана татко - објави фотка со бебето и сопругата од болница, славеше со кинење маица и со кумот Стефан Лазаров
- Детали
- вторник, 14 јули 2026
„Станав татко. Не знам што да кажам, а клише ми е да ги ставам тие – Добредојде принцезичке... Добре дојде ќерко! Не знам... Станав татко!“, збунето објави Мандар, а потоа славеше со другарите за раѓањето на ќерката Илина.

Јутуберот Васил Мандаровски-Мандар и неговата сопруга Дариа Стефановска од Скопје станаа родители на девојче.

По неколку години љубов и неколку месеци брак тие сега го проширија своето семејство.
Мандар пресреќен објави фотографија од болница со саканата Дариа и нивната новородена ќерка Илина, а вечерта славеше со другарите.

Качен на раменици кај еден од другарите, со музика, насмевки и традиционалното кинење на маица, тој го обележи овој значаен ден.

Мандар со своите следбеници сподели:
„Станав татко. Не знам што да кажам, а клише ми е да ги ставам тие – Добредојде принцезичке... Добре дојде ќерко! Не знам... Станав татко!“
Тој славеше со кумот Стефан Лазаров и низа нивни пријатели, меѓу кои и Таско...




Дариа во една пригода за Мандар за CRNOBELO.com изјави:
„Нашата врска се развиваше природно и лесно, а Васил успеа да ме освои со неговата автентичност и смисла за хумор“.


