Ивона Јо истрча трка во чест на починатиот татко: „Се надминав себе и своите стравови“
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
„После трката ми пристапија жени, девојки кои ми кажаа дека сум трчала и за нивните татковци. Ќале, ова е за тебе. Те сакам!“, напиша Ивона, која трчаше на Prespa Run за својот починат татко.

Пејачката Ивона Јо пред неколку месеци се соочи со најголемата загуба во животот - нејзиниот татко почина ненадејно, и тоа ја скрши.
А пејачката, која учи како да се носи со болката, ја користи секоја можност да каже колку ѝ недостасува, да сподели негови фотографии или приказна поврзана со него.

Таа, заедно со својот сопруг, неодамна трчаше трка во Преспа, а му ја посвети токму на татко си.
Тоа го имаше напишано и на маичката во која трчаше, а потоа, откако објави фотки на Инстаграм, му се обрати нему.

„Денот на татковците бил на 21.6. И тоа го дознав веднаш после трката од една прекрасна жена. Денот кога се надминав себе и своите стравови.
Покрај сите искушенија - ја поминав линијата на finish. Слава Му на Бога.

После трката ми пристапија жени, девојки кои ми кажаа дека сум трчала и за нивните татковци.
Ќале, ова е за тебе. Те сакам! Никогаш заборавен мил мој“, напиша таа.

Брзо потоа Ивона сподели и порака што ја добила од жена, поттикната од нејзината објава за трката и татко ѝ. Во пораката на жената пишува:
„Здраво Ивонче! Извини ако ти сметам, сакам да ти кажам неколку збора.
Те следам откога снимавте со Марио и оттогаш до сега можам само да ти кажам ‘капа долу за сè што постигна и успеа за себе’.
