Игор Џамбазов си изгради нов дом во Дојран и го покажа погледот: „Целото езеро на дланка, среќни ли сте за мене?“
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
„Уште малку, и ова ќе ми биде секојдневие. Погледот од дневната е величествен. Целото езеро на дланка... Таман за пензионерските денови кои доаѓаат“, сподели Игор Џамбазов пресреќен за новиот дом во Дојран. Некои соништа се остваруваат, зарем не? Само им е потребно време!

Игор Џамбазов неодамна во интервју за CRNOBELO.com сподели дека веќе почнува да се вселува во куќата во Дојран, која е конечно изградена.

На професионален план, пак, освен што снима 2 филма и игра претстави, размислува самиот да направи своја претстава, како што вели „проштална“ пред неговото пензионирање следната година, и така (барем административно) да му каже збогум на театарот.


Инаку, на својот Инстаграм профил тој сега сподели каков спектакуларен поглед има од својот дом.

Пресреќен Игор напиша:
„Уште малку, и ова ќе ми биде секојдневие.
Погледот од дневната е величествен.
Целото езеро на дланка...таман за пензионерските денови кои доаѓаат...
Ар ју хепи фор ми (Среќни ли сте за мене)?“
С. С. | Црнобело