Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни за сурогат мајка“

„Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше дека тоа не е битно. Ќе останев со неа и да немав деца. Битно ми е да сум среќен со неа. Убаво ми е да седам дома со неа, да не бегам од дома. Сега имаме 3 ембриони кои само чекаат да најдеме сурогат мајка и да имаме наше дете. Процесот беше пекол за неа, но јас го правев со ќеф“ - вели искрено Марио Јелиќ - Кун од 2Бона во подкастот во кој си ја отвори душата. 

mario-od-2bona-devojka-mi-mi-kazha-deka-ne-mozhe-da-ostane-trudna-sega-imame-3-embrioni-spremni-za-surogat-majka-01.jpg

Во гостување во подкастот на Лазаров, Марио Јелиќ - Кун и Антонио Стојановски - Тони од 2Бона, зборуваа на разни теми поврзани со кариерата, албум и настапи, но се отворија и за приватниот живот. 

Марио, познат како Кун, кој секогаш го чувал приватниот живот во тајност, овој пат, си ја отвори душата и зборуваше за неговата идна сопруга Исидора, која му е најголема поддршка и љубов во животот. 

„Секој знае која е жената на мојот живот. Сум го чувал во тајност приватниот живот за да се заштитам себеси.

Во моментов сум во стадиум каде што сум спремен на сè, немам што да кријам“ - вели тој во подкастот, каде открива и детали за нивното запознавање, но и фазата кога имале пауза, а потоа сфатил дека таа му е потребна во животот.

Освен што ја возвишува за тоа што таа значи во неговиот живот, Кун открива дека неговата животна сопатничка има синдром од раѓање заради кој не може да остане бремена, а ова му го открила уште на самиот почеток од врската. 

Неговата љубов кон партнерката е толку силна, што ништо не го спречило да остане со неа, а сега, кога знаат дека животот ќе го поминат заедно, минале низ процедура на создавање ембриони, кои ќе ги искористат за да добијат дете преку сурогат мајка. 

Тој се отвори за оваа ситуација со поголема цел, да им покаже и на останатите жени, но и мажи, кои минуваат низ истото, дека не треба да се разочаруваат ниту откажуваат и дека љубовта е најважна од сè. 

Во продолжение прочитајте дел од она што Кун го зборува на оваа тема, додека неговата сакана беше присутна зад камерите:

„Кога ми кажа дека не може да има деца, мојата реакција беше – е добро де, што е тоа битно? Многу изреагира зрело за нејзините години затоа што ми го кажа тоа уште пред било што сериозно да имаме.

Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром, нема да можам да користам медицински израз да не згрешам нешто, не сум навлезен во тоа, зашто не ми е битно. Мене ми е битно да сум среќен со неа.

Благодарение на медицината, која е напредна, сега имаме успешни 3 ембриони кои чекаат само да се лансираат во сурогат мајка, која ќе ги износи 9 месеци и ќе имаме наши деца со наши гени.

Во нејзината ситуација, ова е благослов, зашто нејзиниот синдром (кој инаку има повеќе форми), овозможува да може да има свои деца, има здрави јајца клетки што се спојуваат со семето на мажот и можеме да створиме ембриони.

mario-od-2bona-devojka-mi-mi-kazha-deka-ne-mozhe-da-ostane-trudna-sega-imame-3-embrioni-spremni-za-surogat-majka-02_copy.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg