Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката секојдневно, самостојно“
- Детали
- понеделник, 27 април 2026
„11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување, радост и благодарност“, напиша Ева Нединковска и сподели семејни фотографии од забавата за свршувачката што ја направила пред две недели.

Ева Нединковска, поранешната пејачка, а денес деловна жена, на ден пред Велигден, направи забава за свршувачката со саканиот Филип.
Тој ја запроси на патување во Будимпешта, а откако му кажа „Да“ и го покажа свршеничкиот прстен, парот направи и забава со најблиските.

Ева е облечена во бел фустан од тантела и блеска покрај Филип, а на фотките е и нејзината ќерка Ена, која ја доби во првиот брак.
На фотографиите што ги сподели на Инстаграм, откри и дека забавата ја направиле на 11.04.2026, ден пред Велигден.

„11.4.2026, сабота пред Велигден.
Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување, радост и благодарност.

‘Секој добар дар и секој совршен подарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена.
Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да бидеме првина меѓу Неговите созданија’ - Јаков 1:17-18“, напиша Ева и цитираше дел од Библијата.
Преку фотографиите, пак, Ева раскажа и дел од нивната љубовна приказна, и сподели свои длабоки чувства поврзани со саканиот Филип, ќерката и семејството:
„Во периодот кога пуштив сè што ми беше вишок, ме најде тој.
Се молевме еден за друг долго пред да се запознаеме.
Искусив дека е сила кога препушташ водство на маж кој го следи Бог и чија среќа и цел е да ве држи вас две безбедни и среќни.
Бев мирна зашто знаев дека кога е од Него ќе ми се потврди и ќе знам.

Мислев дека е сила да успеваме јас и таа секојдневно, самостојно.
Мислев дека треба сè да е совршено. Јас совршена, работата совршена, домот совршен, животот совршен... за да сум спремна и да дозволам да бидам сакана.
Сите денови кога семејството е собрано се за мене посебни.
Но кога семејството се шири тогаш и срцата на сите се шират за да соберат нешто што во овие редови не го собира.
Љубов.
