„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар

„Во салата кај што мама буквално порасна. Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошаркарка и го покажа синот Максим, кој долго време го криеше.

vo-salata-kaj-shto-porasna-mama-edina-musa-go-pokazha-sinot-i-uzhiva-vo-negovo-drushtvo-na-natprevar-01.jpg

Едина Муса и Александар Димитровски - Мачка станаа родители на момче на 19 февруари 2025.

Тие му го дадоа името Максим, а иако Едина често споделува моменти со него на Инстаграм, долго време му го криеше ликот од следбениците.

Неодамна таа сподели неколку фотки на кои може да се забележи како изгледа слаткото момче во прегратка на мама, но и додека се дружи со нивниот миленик.

Сега кошаркарката објави и фотка со Максим во спортската сала „Кале“ и напиша:

„Во салата кај што мама буквално порасна. Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“.

Таа изгледа пресреќно додека синот ѝ е во прегратка, а не пропушта прилика и да покаже дека е во одлична форма, на која почна да се враќа уште еден месец по породувањето.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса (33) се пофали, 10 месеци по породувањето: „За ова тело се погрижив јас“ Едина Муса, една од најубавите познати Македонки, си потстрижа шишки, се врати н...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
Ана Стојанова ужива со сопругот во бич бар во Аланија - во минималистички бикини ја истакна формата ... Кирил ѝ приреди филмско запросување во 2021 година, направија свадба во вила со ...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...

Најчитани неделава