Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на синот Марко (1)
- Детали
- среда, 08 април 2026
Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите, откако со месеци по раѓањето го држеше во тајност лицето на својот син Марко (1), кој го доби со Сава Грачанин од Валандово.

Влатко Лозаноски неодамна објави фотка со синот Марко (1) на мотоцикл и ги изненади фановите со оглед на тоа што тој ретко споделува детали од секојдневието.

Пред извесен период тој својот наследник го изнесе и на сцената за време на неговиот концерт, а во публика беше неговата избраничка Сава Грачанин.


Сега, и Сава објави фотка од Марко, каде тој се шета во кул аутфит.

Неодамна, Сава на својата мајка ѝ посвети емотивна објава, поради големата помош што ѝ ја пружа во растењето на Марко.
„Што би јас без неа...
Среќен роденден на мојата мајка...
Баба од соништата!“, напиша Сава.






С. С. | Црнобело
