Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“

„Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го напиша по повод првиот роденден на неговиот син Марко, на првата фотографија објавена од наследникот откако го доби во тајност со својата партнерка. 

lozano-prvpat-objavi-fotka-od-sinot-za-prv-rodenden-da-si-ni-zhiv-i-zdrav-sinko-moj-01.jpg

Влатко Лозаноски во октомври 2024 во тајност доби син и веста за приновата ја чуваше далеку од очите на јавноста.

Лозано не сака јавно да зборува за својот приватен живот, па досега немаше ништо објавено ниту за партнерката, ниту за синот.

lozano-prvpat-objavi-fotka-od-sinot-za-prv-rodenden-da-si-ni-zhiv-i-zdrav-sinko-moj-02.jpg

Првпат го покажа својот наследник 8 месеци по раѓањето, во видео во кое пееше песна како најава за настап на фестивал.

lozano-prvpat-objavi-fotka-od-sinot-za-prv-rodenden-da-si-ni-zhiv-i-zdrav-sinko-moj-03.jpg

Денес, синот Марко полни 1 година, а по тој повод пејачот објави прва фотка од него.

Тој сподели фотографија на Инстаграм Стори, направена во домашна атмосфера, каде малото момче потпрено на проодувалка слуша детска роденденска песна.

„Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка. Да си ни жив, здрав, секогаш среќен и весел синко мој. Те сакаме!“ – стои во описот.  

lozano-prvpat-objavi-fotka-od-sinot-za-prv-rodenden-da-si-ni-zhiv-i-zdrav-sinko-moj-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg